Сусам и мед - природен спој на виталност и потенција

Сусам и мед: ова е комбинација која е позната уште пред многу векови. Според старите записи сусамот се одгледувал уште од самиот почеток на човековата цивилизација. Уште во античкиот период младите жени редовно земале сусам измешан со мед, за стимулирање на жлездите и подобрување на сексуалното задоволство.

Сусамот и медот заедно како комбинација биле разгледувани многу пати. Биле направени и бројни истражувања за тоа каков ефект има врз луѓето. Според некои лекари, сусамот и медот, влијаат на расположението, го регулираат хроничниот замор и влијаат на потенцијата и кај мажите и кај жените. Користењето на овие два продукта заедно ќе ви помогне да го намалите стресот, да бидете витални и енергични - објаснува последното истражување кое ги следело реакциите на луѓето кои редовно земале сусам и мед во период до 6 недели.

Како да го подготвите афродизјакот?

Едноставно и лесно. Во една чаша мелен сусам додавајте мед и притоа мешајте за медот и сусамот да се соединат. Колкава количина ќе употребите зависи од тоа колку сакате да направите. На крајот од смесата направете топчиња или некои други форми и ставете во фрижидер. Овие колачиња можете да ги употребите и како додаток во други рецепти или како декорација. Неколку вакви колачиња дневно можат значително да влијаат на вашето расположение, замор и потенција - велат познавачите.

За да подготвите сусам и мед нема филозофија, но има многу придобивки кои ќе ги добиете со спојување на овие две намирници кои се многу достапни и многу ефективни за нашето тело.

www.doktori.mk, 12.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана