Факти за оралниот секс кои не сте ги знаеле

Оралниот секс до неодамна беше табу тема секаде низ светот, но за кратко време работите се промениjа и сега за орален секс опуштено се разговара и на кафе со пријателките или на пиво со другарите. Денес решивме да ви откриеме неколку факти поврзани со оралниот секс, кои можеби не сте ги знаеле.

Од орален секс можете да добиете карцином на грлото

Да, иако можеби звучи иронично, но од орален секс може да се добие карцином на грлото. Не поради семената течност или поради пенетрацијата, туку поради пренесувањето на HPV вирусот. Научниците докажале дека некои типови на карцином на грлото можат да се добијат од одредени типови на HPV кои се пренесуваат преку орален секс.

Оралиот секс еднакво ризичен како и вагиналниот

Оралниот секс е еднакво ризичен како и вагиналниот велат научниците. И оралниот секс мора да се практикува со кондом, бидејќи постои скоро иста опасност од пренесување на разни бактерии и вируси кои ќе направат компликации.  Значи ХПВ, ХИВ, гонореа, сифилис, херпес, хепатити и другите слични болести можат да се пренесат не само преку вагинален туку и преку орален секс.

Оралниот секс може да ја зацврсти, но и да ја уништи врската

Нема работи кои не се дозволени кога е во прашање секс помеѓу двајца заљубени. Доколку двајцата го практикуваат и притоа уживаат во него, оралниот секс може да ја зацврсти нивната врска - велат психолозите. Но, доколку еден од партнерите едноставно не го обожава оралниот секс, тогаш секој обид од партнерот за орален секс ќе се толкува напнато и со тек на време ќе дојде до уништување на врската. Затоа научниците велат, доколку вашиот партнер или партнерка не обожава орален секс, тогаш не треба да инсистирате, бидејќи во спротивно најверојатно ќе си ја уништите врската.

Оралниот секс голем проблем помеѓу тинејџерите

Ова е исто така факт кој треба да не загрижува бидејќи според сите статистики, тинејџерите се повеќе практикуваат орален секс. Тоа што го практикуваат не е главниот проблем, туку главниот проблем е тоа што за оралниот секс тие немаат сериозно мислење, напротив тие сметаат дека "тоа не е секс" a го практикуваат често бидејќи знаат дека од него не може да се забремени. Главниот проблем е што младите воопшто не ставаат акцент на сексуално преносливите болести, нивна единствена грижа им е да не дојде до забременување. Научниците советуваат дека е потребно да се спроведат повеќе кампањи при што ќе се објасни еднаквоста на ризиците од практикување на орален и вагинален секс.


 

www.doktori.mk, 16.05.2015

Последна вест

Најчитани статии - животен стил