Кои се најскапите коктели на светот?

Коктелите се прв избор кога сме на одмор. Постојат илјадници видови коктели, некои се алкохолни, некои безалкохолни, но сите се согласуваме дека тие се наш омилен пијалак на плажите за време на летниот одмор. Првата дефиниција за тоа што е коктел е дадена во 1806 година и гласела "Коктелот е стимулативен алкохолен пијалак, составен од неколку силни алкохолни пијалаци, шеќер, вода и други горчливи состојки". Денес ви ги претставуваме топ десетте најскапи коктели на светот.

10. Truffle martini - 100 долари

Главната состојка на овој коктел е иситнет тартуф, кој неколку дена отстојува во вотка. Се служи само во Rocco forte's Browns елитен лондонски хотел.

9. Ritz Sidecar - 515 долари

Овој коктел се служи во парискиот хотел Ritz, во ресторанот Хемингвеј. Но, за да го пробате морате да побрзате, бидејќи неговата главна состојка е коњакот 1830 Ritz Reserve, кој е во ограничена количина и според информациите од хотелот останато е уште многу малку.

8. Magie Noir - 550 долари

Основните состојки на овој коктел е ликерот од копина, шампањот Dom perignon и коњакот Hennessy. Може да се проба само на едно место, а тоа е лондонскиот клуб Umbaba.

7. High roller Martini - 1000 долари

Ова е угледен коктел кој се служи само во ресторанот Capital Grille во Лас Вегас. Според ресторанот овој коктел нема никаков спектакуларен вкус или спектакуларни состојки, но половината од цената на коктелот оди во хуманитарни цели.

6. Kentucky Derby's special Mint Julep - 1000 долари

Kоњските трки се секогаш магнет за елитата, а елитата секогаш оди заедно со добрите коктели. Ова е елитен коктел кој се служи на коњските трки во САД Kentucky Derby.  Пијалакот се служи во златни чаши со сребрени цевчиња. Главна состојка е вискито Woodford Reserv и листови нане кои стигнуваат директно од Ирска.

5. Mai taim - 1400 долари

Merchant Hotel е тајвански хотел со 5 ѕвезди, кој единствено го служи овој коктел. Главната состојка е рум од Јамајка, а според информациите од хотелот останати се само уште 6 шишиња кои се под специјален надзор.


 

4. Platinum passion - 1500 долари

Според познавачите ова е најегзотичниот пијалак на оваа листа. Се служи само во ресторанот Duvert Lounge во Њујорк. Главните состојки на овој коктел се францускиот шампањ Ruinart и колекционерскиот коњак L'Esprit de Courvoisier.


 

3. Sapphire Martini - 3000 долари

Високата цена на овој коктел е одредена од состојките кои се потребни да се направи. Сите состојки се луксузни и специјално одбрани, а дизајнирана е посебна чаша за овој коктел на чие дно се става плав шеќер. Се служи само во ресторанот-казино Foxwoods Resort во Конектикат.

2. Diamond cocktail - 4350 долари

Дијамантскиот коктел може да се проба во Пијано барот во Лондон. Главни состојки се луксузниот коњак Remy Martin Louis XII и луксузниот шампањ Charles Hridsieck vintage 2001. Во зависност од дијамантската декорација коктелот може да достигне цена и до 9000 долари.

1. Martini of the rock - 10 000 долари

Коктел кој уште се нарекува "сонот на секоја жена". Се служи само во Њујорк во хотелот Algonquin, а има многу едноставен рецепт. Ладно мартини и дијаманти од 1,5 карати.


 

www.doktori.mk, 09.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости