Доктори.мк | Развиток на оралната експресивна комуникација | Razvitok-na-oralnata-ekspresivna-komunikacija | Портал за медицина и здравје

Развиток на оралната експресивна комуникација

дипломиран логопед

Добро е познато дека јазикот ни претставува внатрешен феномен и дека нема оптимално да се развие ако не постои соодветен сензор – лингвистички инпут, особено во првите 6 – 12 месеци на животот.

Први гласови кои се јавуваат кај секое дете без разлика дали тоа е слушно оштетeно или има нормален звук се вокалите и тоа најпрво вокалите од предниот ред „ А „ како прв глас, потоа вокалите од среден ред „ Е „ и „ И „ па од заден ред „ О „ и „ У „. Темпото на развој на артикулацијата е различен во различни возрасти. Разликуваме таканаречени тешки и лесни гласови. Најлесно се артикулираат плозивите П, Б, К, Г, Д, Т, а најтешко латералите и африкатите. Иста група на гласови можат различно да се изговараат. Значи, дете од три години кое има нормален слух треба да ги изговара сите вокали и сите плозиви. Доколку ги нема, значи дека постои некаков проблем, арикулационен или проблем со слухот. Од назалите гласот „ Њ „ најкасно и најтешко се формира. Во третата година треба правилно да се артикулираат „ М „ и „ Н „ од групата на назали ( М, Н, Њ ). Фрикативите С, З, Ф, В, Х имаат заедничка особина, а тоа е нивниот изговор да има можност за продолжување на периодот за изговор, а притоа да не се менува природата на гласот. Од оваа група на гласови најлесен за изговор е гласот „ Х „. Дете од три години би требало правилно да го артикулира него, како и „ В „ и „ Ф „. 

Некои од децата дури на 5 години имаат права артикулација на сласот „ С „, а на неговиот звучен пар „ З „ покасно, околу 7мата година. Гласот „ Ш „ во третата година би требало да се употребува правилно во зборови. После 6 тата година децата можат правилно да го употребуваат, правилно да го артикулираат гласот „ Ж „ како и гласот „ Р „ кој е многу тежок глас . Особено тешки за изговор се африкатите ( Ц, Ч, Ѕ, Џ, ). Правилната употреба на овие гласови треба да е издефинирана накјасно до 6тата година. За децата исто така тешки гласови за изговарање се латералите „ Л „ и „ Љ „ кои треба чисто да се изговараат најкасно до 7 - мата година.  

Карактеристики на глсаовите

Со самото оштетување на слухот настануваат промени и во некои од карактеристиките кои самиот глас ги поседува.

Според местото на артикулација гласовите се делат на:

  • Билабијални П, Б, М

  • Лабиодентални Ф, В

  • Дентални С, З, Ц, Т, Д, Н, Ц, Ѕ, Ч

  • Алвеоларни Р, Л

  • Палатални И, Е, Ј, Љ, Њ, Ш, Ж, Џ, Ѓ, Ќ

  • Медиопалатални А

  • Веларни О, У, К, Г, Х

Според начинот на артикулација се делат на:

  • Вокали - самогласнки А, Е, И, О, У

  • Полувокал – глајд Ј

  • Бесшумни согласки – сонанти В, М, Н, Њ, Л, Љ, Р

  • Консонанти – фрикативи Ф, С, З, Ш, Ж, Х, африкати Ц, Ч, Ѕ, Ѓ, Џ, Ќ и оклузиви П, Б, К, Г, Т, Д.

Според звучноста се делат на:

  • Звучни Б, Д, Г, Џ, Ж, З, Ц, В,

  • Безвучни П, Т, К, Ч, Ш, С, Ѕ, Ф, Ќ, Х

Останатите гласови (вокалите, полувокалите и сонантите М, Н, Њ, Л, Љ, Ј, Р ¬) се неутрални затоа што не учествуваат во асимилацијата по звучност. Според акустичката структура гласовите се делат на два основни облици формантни и шумни.

 

Формантите се карактеристични за вокалите, а шумните за консонантите. Секој глас си има свое одредено подрачје во фреквентниот појас, па со дијагностицирање на слушното оштетување и со познавање на фреквенсикото подрајче на гласовите точно ќе се знае кој глас ќе одсуствува од слушното поле. Подолу ќе биде презентиран фреквенцискиот појас на вокалите во сите три форманти:

  • Вокал А: прв формант: 600 – 1050 Hz, втор формант 1050 – 1370 Hz, трет формант 2320 – 2600 Hz
  • Вокал Е: прв формант: 420 -650 Hz, втор формант 1720 – 2000 Hz,трет формант 2200 - 2600 Hz
  • Вокал И: прв формант150 - 400 Hz, втор фомант 200 – 2500 Hz, трет формант 2600 – 3100 Hz
  • Вокал О: прв формант 400 - 650 Hz, втор формант 780 – 1000 Hz, трет формант 2400 – 2650 Hz
  • Вокал У: прв формант 250 – 480 Hz, втор формант 650 – 800 Hz , трет формант 2300 - 2500 Hz.

Преостанатите гласови (шумните) поседуваат друг фрекванциски опсег и постои можност да се издвојат некои основи карактеристики :

  •  Безвучните гласови се наоѓаат во фреквенсицкиот спектар над 3000 Hz, а звучните под 4000 Hz.

  • Назалите имаат два интензитетски форманти. Ниските се наоѓаат помеѓу 200 и 600 Hz, а високите помеѓу 1000 и 1200 Hz.

  •  Билабијалните оклузиви П и Б во својот спектар содржат јаки инфрацрвени компоненти во првиот формант се наоѓаат на 200 – 400 Hz, а во третиот 1800 – 3000 Hz. Гласовите К и Г имаат концентрирана енергија од околу 2500 Hz, а Т и Д се наоѓаат на околу 8000 Hz.

  • Фрикативите се фреквенциски највисоки гласови ( во просек се наоѓаат помеѓу 5000 и 12000 Hz). Највисоки фрикативи се С и З 7000 – 12000 Hz, а најниски се Ф и Х под 3000 Hz.

  • Африкатите се наоѓаат помеѓу 4000 и 6000 Hz, а највисок од нив е гласот Ц кој има концентрирана енергија од околу 8000 Hz, а често и повеќе.

  •  Сонантите се наоѓаат во звучното подрачје од околу 3000 Hz. Гласовите В и Л имаат спектар до 3000 Hz, гласот Љ оди до 4000 Hz, а Р има најизразен спектар од 700 до 1400 Hz. 

Фреквенциските карактеристики на гласовите немаа никаква улога во начинот и местоположбата на артикулација.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 09.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина