Денес да имате убава и здрава насмевка не е приоритет - туку стил на животот

доктор по стоматологија

Естетиката од секогаш го привлекувала човекот, денес повеќе од било кога и се придава важност на неа. А животниот век  на забите, како и другите ткива и органи, е подложен на промени, било физиолошки или патолошки.

Како забите немаат способност да се самоодбрануваат, изгубените или изменетите забни структури треба да надоместат конзервативно или протетски, во зависност од степенот на уништување на ткивото. Ако загубата на забната структура (физиолошка, траума или кариес) е сеопфатна, потрeбна е протетска санација. Протетиката се повеќе ги афирмира естетските материјали, со кои се обезбедува природен изглед на забите. Таквиот  материјал, освен естетски, мора да има одлични механички и хемиски својства.

Со децении, научниците спроведувале истражување и барале одговор на прашањето, каков материјал може да ја замени металната легура, што е основа кај метал-керамичките мостови.

По долго време, пронајден е циркониум - диоксид ZrO2, кој претставувал револуција во однос на исполнувањето на потребните критериуми.

Она што безметалната керамика ја издигнува над метал-керамиката се нејзините карактеристики. Една од најважните карактеристики е биокомпатибилноста. Телото го прифаќа овој материјал без било каква реакција во форма на алергии и воспаление, затоа што во некои метални легури за метал-керамички мостови има премногу никел, што доведе до алергиски реакции. Отсуството на метал спречува уште една појава, појава на галвански струји, која се јавува кога во устата, во присуство на плунката, постојат два различни наелектризирани материјали (метало-керамичка коронка и амалгамска пломба). Со својата цврстина обезбедува долговечност во устата, без промени на структурата. 

Лесно се одржува хигиена околу керамичките коронки и тоа дава резултат за здрави непца, кои имаат и до 50% удел во естетскиот ефект. Последна ставка, но не занемарлива е отсуството на дисколорација на гингивата. Темните дамки на непцата над метал-коронките се резултат на реакцијата на метални легури и плунката, каде оксидите формираат "тетоважа", со безметалната керамика тоа стана дел од историјата.

Еден од недостатоците на овој тип на протетска санација е нивната цена, која е до 2 - 2,5 пати повисока од цената на метал керамички коронки. Значително влијание врз цената има не едноставниот начин за правење.

Безметалните керамички коронки се направени со специјална технологија, CAD / CAM технологија (Computer-Aided-Design/Computer-Aided-Manufacture). По стружењето на забите, следи машински отисок. Се врши ласерско скенирање врз основа на која софтверот прави 3D модел на екранот. Според овој модел, 3D CAD / CAM машината, од керамичките блокови, прави основа за круната.

Главни предности на циркониум-оксидната керамика кои се важни за оралното здравје и изглед се:

  • Биокомпатибилност во устата со ткивата, врз основа на фактот дека циркониумот е био-инертен и не предизвикува никакви алергиски реакции;
  • Висока механичка отпорност;
  • Отсуство на корозија во устата, плунката може да дејствува како електролит, како и во присуство на различни материјали во устата, што не е случај со циркониумот;
  • Не предизвикува темна дисколорација на непцата и забите околу вратот на порцеланските коронки,  кое е можно кај коронките базирани на метални легури;
  • Удобност, бидејќи има неутрален вкус и е лесен материјал;

Современата протетика денес промовира материјали кои се обидуваат да ја имитираат што повеќе забната структура во сите нејзини детали. Со користење на керамичкиот дизајн кој има за цел да се избегне метал базата, со еднакви можности на оптеретувањето денес има се поголема примена. Со воведувањето на циркониумот, направен е  поширок спектар на керамички реставрации, како и мулти-член мостови во латералната регија.

Циркониум-оксидната керамика е материјал, кој од неодамна има многу важно место во фиксната протетика. Клиничката примена на циркониумот се базира пред се на нејзината отпорност и можноста на добивање природна визуелност. Отсуството на метал под керамиката дава природен изглед на забот. Доколку пациентот сака потполни керамички индиректни реставрации, циркониумот станува логичен избор за поширок спектар на надомест на штета.

Дознајте повеќе за авторот д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се употребува за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 06.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија