Акупунктура и традиционална кинеска медицина

доктор по медицина, додипломски студии по акупунктура, лиценциран aкупунктурист, член на Британскиот совет на акупунктуристи, член на Британската комора за медицинска акупунктура
„Акупунктура Шен“ - ординација за кинеска медицина

Кинеската медицина како систем на лекување постои и се користи повеќе од 2000 години. Овој медицински систем користи холистички пристап во дијагностицирањето, превенцијата и третирањето на болестите со помош на индивидуални или комбинирани третмани. Најпознати се акупунктура, хербална медицина, Туина масажа, нутриционизам и систем од вежби наречени Чи Гонг.

Акупунктурата како главен дел од традиционалната кинеска медицина е најдолгиот континуирано употребуван систем на медицина во целиот свет, користен од милиони луѓе секојдневно. Третманот е насочен кон третирање на симптомите на состојбата и причините за неа, земајќи го во предвид психофизичкото здравје на индивидуата, како и начинот на исхрана, животните услови и стил. 

Што е акупунктура?

Аупунктурата е третман при којшто во кожата се вметнуваат многу тенки, специјални, стерилни игли со цел да се третираат различните психофизички состојби и да му се помогне на телото да го постигне соодветниот баланс. Во Кина истата се користи повеќе од 2000 години, а популарноста во западниот свет се зголемува после 1970 год. Во изминатите 30 години се направени значајни научни проучувања во оваа област коишто придонесуваат да се разбере принципот на нејзиното делување. Со овие проучувања до одреден степен е докажана ефективноста на акупунктурата и поради тоа се почесто се користи во конвенционалната медицина. Акупунктурата е широко употребувана како третман во клиниките и голем број од здравствените работници низ целиот свет им ја препорачуваат на своите пациенти. 

На кој принцип работи акупунктурата?

Според традиционалната Кинеска филозофија и верување, човековото здравје зависи од состојбата на енергијата наречена Чи која се движи низ телото и е одговорна за сите, како физички така и психички, емотивни, духовни и ментални состојби. Недоволниот, небалансираниот или прекинат проток на Чи може да доведе болест. Протокот може да биде нарушен од голем број на емоционални, ментални и физички фактори (траума, диета, инфекции или климатски промени). Чи се движи низ телото по „мередиани“ или канали. Иглите се вметнуваат на специфични точки на каналите со цел да се корегира протокот на Чи и да му се помогне на телото да се балансира. 


 

“Западна медицинска акупунктура”

„Западната медицинска акупунктура„ го комбинира традиционалното кинеско знаење и искуството од научните познавања на анатомијата, заедно со принципите на медицината базирана на докази. Помалку значење се дава на Чи, додека главниот акцент се става на стимулирање на нервниот систем. Последните проучувања сугерираат дека со вметнувањето на игли на специфични точки, телото ослободува голем број на невромедијатори и хормони. Според досегашните познавања со акупунктурата првично се афектира нервниот систем, кој покрај испраќањето на сигнали преку нервните клетки исто така реагира и со ослободување на различни биохемиски супстанци коишто влијаат и на другите клетки во телото. Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира (сегментна акупунктура).

Како може да помогне акупунктурата?

Акупунктурата е третман кој помага почнувајќи од општа истоштеност и ниско ниво на енергија, до специфични проблеми. Светската Здравствена Организација има направено листа на состојби кај коишто акупунктурата има соодветен позитивен ефект.

Колку третмани се потребни?

Бројот на третмани зависи од индивидуалниот проблем. Генерално колку подолготраен е проблемот, толку повеќе третмани се потребни. Може да се почувствува подобрување по првиот или вториот, но во принцип се прават од 5 до 10. Третманите најчесто се прават еднаш неделно, но во некои случаи се препорачуваат и до два пати неделно. Дали акупунктурата е безбедна и дали иглите се стерилни? купунктурата е една од најбезбедните медицински третмани, кога се врши од соодветен квалификуван кадар. Иглите кој се користат треба да стерилни херметички затворени и се за еднократна употреба.

Какво е чувството?

Поголемиот број на луѓе се релаксираат за време на третманот. Клиентите најчесто го опишуваат чувството на вметнување на иглите како слабо пецкање. 

Какво е чувството после третманот?

Најчесто релаксирано и смирено. Доколку се чувствувате премногу релаксирано , не се препорачува да управувате со возило во наредните 10 -15 минути. 

дознајте повеќе за

Д-р Горан Манев

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 30.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина