Доктори.мк | Природни рецепти против хемороиди: компир и маслиново масло | Prirodni-recepti-protiv-hemoroidi | Портал за медицина и здравје

Природни рецепти против хемороиди: компир и маслиново масло

Хемороидите се натечени, но нормално присутни крвни садови во пределот околу анусот и долниот дел од ректумот. Причините за настанување на хемороидите можат да бидат многу, но без разлика како настанале секој кој има проблем со нив бара некакво решение. Ние денес ви нудиме неколку природни совети кои можат да бидат ефикасни.

Рецепт против надворешни хемороиди

Земаме еден компир и го рендаме на неколку парчиња. Врз компирот просипуваме маслиново масло, кое добро ќе ги обложи парчињата. Потоа земаме стерилна газа ги ставаме парчињата на неа и ги допираме на анусот. Вака оставаме во текот на целата вечер.

Рецепт против внатрешни хемороиди

Од компир правиме парче со стапчест облик. Стапчестиот облик на парчето од компир треба да се содржи само од внатрешноста на компирот, без лушпа. Парчето компир го натопуваме со маслиново масло и пред спиење го ставаме целосно во аналниот отвор и оставаме. Парчето ќе омекне и ќе биде исфрлено надвор заедно со изметот.

Ова е рецепт кој доаѓа од народната медицина. Според многу искуства помогнал кај многу луѓе, па можеби ќе помогне и кај вас, пробајте, лесно е едноставно и нема што да изгубите.

www.doktori.mk, 01.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана