Необични и смешни факти за мајките

извор: www.ringeraja.mk

 

Нервоза, несоница, среќа, тага и воодушевување. Тоа се само некои од емоциите кои се менуваат во еден ден. Во прилог се 20 необични, фрустрирачки и шеговити вистини за мајките и нивните бебиња.

1. Ќе посакате да ја запалите својата трудничка облека, иако знаете дека повторно ќе Ви треба.

 

2. Секогаш ќе ги губите малите чорапчиња во пералната.

 

3. Ќе успеете да се истуширате, да ја измиете и исушите косата и да се облечете, за помалку од 10 минути.

 

4. Пријателките кои пред Вас родиле нема да сфаќаат дека немате ни 5 минути за себе.

 

5. Ќе размислувате за идејата што се би дале за 8 часа непрекинат сон.

 

6. Ќе посакате да го фрлите Baby phone-от низ прозорец.

 

7. Секогаш ќе се преиспитувате како на другите мајки им успева да бидат мирни, слаби и организирани.

 

8. Ќе доживеете ден кога шлепер нема да може да Ве извлече од креветот.

 

9. Напорниот ден во кој немавте ни минута одмор ќе го заборавите во моментот кога ќе видите дека детето заспало.

 

10. Кофеинот ќе стане Ваш најдобар пријател.

11. Ќе се правите дека не го чувствувате мирисот од пелените кога детето ќе му го предадете на тато.

 

12. Кога за прв пат по породувањето ќе излезете со пријателките, ќе почувствувате како нешто да не е во ред со Вас.

 

13. Ќе се насмеете до солзи кога Вашето малечко за прв пат ќе го затресе газето во ритам на музиката.

 

14. Едвај ќе чекате некој да побара да види слика од Вашето дете на мобилен. Е тогаш тешко него...има да изгледа цела галерија.

 

15. Ќе се воодушевите кога сопругот ќе го гледа детето со очи полни солзи од љубов.

 

16. Ќе Ви биде жал да ја спакувате омилената облека на бебето, иако му е мала.

 

17. Деновите кога ќе бидете расположена за секс ќе бидат реткост.

 

18. Времето кое сопругот го поминува на работа ќе го сметате како одмор и ќе му завидувате за тоа.

 

19. Ќе ги контролирате своите емоции кога детето за прв пат ќе рече та-та.

 

20. Кога за прв пат ќе се разделите од бебето на неколку часа, ќе се растажите ако сфатите дека му било убаво без Вас.

 

 

 

www.doktori.mk, 29.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости