После капење на плажа веднаш на туширање

На одмор сте, секојдневно влегувате во вода и тоа по неколку пати, или пак дома редовно ги посетувате градските базени кои се полни со луѓе. Се ова наликува на летото и е добро, но туширањето после влегување во вода е задолжително и неодложно велат научниците.

Плажите и базените можат да бидат моќен извор на инфекции кои можат да бидат и сериозни доколку не се одржува хигиената на високот ниво, односно доколку не се туширате веднаш откако ќе излезете од водата. Научниците предупредуваат особено на базените, бидејќи тие се многу по склони да бидат извор на разни заболувања.

Кои се најчестите симптоми?

Симптомите на инфекциите најчесто се јавуваат на очите, често се јавуваат симптоми на солзење на очите и црвенило, а кај потешките случаи може да се јави и густ секрет како и отежнато подигање на очните капаци. До иритација на очите може да дојде и поради хлорот во базените и солот во морските води, но оваа иритација најчесто е блага и лесно поминува.

Најсериозни се инфекциите кои ги зафаќаат очите, затоа е потребно задолжително да носите очила за вода доколку пливате под вода, но и да внимавате, бидејќи црвенилото и секрецијата на очите доколку не се повлечат за еден или два часа, мора веднаш да побарате лекарска помош. Но, не само очите се зафатени од инфекции кои се шират во водата, може да биде зафатен секој дел од кожата, често се зафаќа слузокожата на усните, но и на гениталиите и препоните.

Што се препорачува?

Се препорачува да се туширате неодложно, веднаш, штом ќе излезете од водата. Потребно е да користите гел за туширање и млака вода секогаш кога ќе завршите со капењето за тој ден. Но, важно е да се напомене дека потребно е да се туширате и секогаш кога ќе излезете од водата без разлика што планирате подоцна повторно да влезете. Во овој случај туширањето направете го на самата плажа во туш кабините, пробајте да ги истриете сите делови од телото и притоа доколку е можно се препорачува да се туширате потполно голи за да може водата да помине и на препоните кои се критично место за инфекции.

Доколку забележите обемни црвенила, секреција, обемни прошарувања на кожата веднаш побарајте лекарска помош, особено ако симптомите се пропратени со температура без разлика што таа е минимално покачена. Можеби не сте човек кој сака да ги користи јавните тушеви, но верувајте подобро е по секое излегување од вода да направите неколку минутно кратко туширање во јавните тушеви отколку да си го расипете целиот одмор со мачкање на мазови, козметички проблеми од инфекцијата или лекување со антибиотици.

www.doktori.mk, 26.07.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина