Жените кои работат ноќни смени потешко забременуваат

Жените кои често работат ноќни смени потешко забременуваат велат научниците. Тие укажуваат на бројни пореметувања кои се случуваат поради ноќното работење.

Последното истражување кое било спроведено на 100 000 испитаници, укажува на фактот дека жените кои работат ноќни смени имаат многу помали шанси за забременување, научниците велат дека некои жени повеќе од година се обидуваат да останат бремени, исто така додаваат дека жените кои работат ноќни смени имаат дури за 80% помали шанси да забременат во споредба со оние жени кои немаат ноќна смена.

Освен ова ноќните смени се поврзани и со поголем ризик од спонтан абортус, а жените кои работат ноќни смени често имаат големи проблеми со менструалниот циклус. Причината за оваа состојба научниците ја гледаат во пореметувањето на производството на хормоните, телесната температура, крвниот притисок и бројот на отчукувањата на срцето. Жените кои работат ноќна смена не спијат доволно, не се хранат доволно, се по голем стрес што директно влијае на хормоните, притисокот, работата на срцето или скратено кажано директно влијае на плодноста.

www.doktori.mk, 07.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина