Храна која ќе ја изгасне вашата жед во топлите летни денови

 Во летните денови секако дека е многу важно да внесувате многу течности. Сепак течностите не се внесуваат само од чаша туку и од исхраната. Еве некои плодови кои ќе го изгаснат чувството за жед и ќе го рехидрираат вашето тело.

Лубеница

Кралицата на летните плодови. Содржи приближно 92% вода и многу антиоксиданси. Лубеницата нека ви биде секогаш избор број еден во жешките летни денови, бидејќи не само што го рехидрира вашето тело туку го чува и од најопасните болести.

Краставица

Таа содржи близу 97% вода, и е одличен летен рехидратор. Користете ја ладна и свежа, но за да ја извлечете максималната рехидрација од краставицата ставете ја во блендер, сокот оладете го и консумирајте го во текот на целиот ден.

Киви

Со кивито никогаш нема да згрешите. Тоа е овошје кое едноставно е здраво и корисно за целото тело во сите годишни доби. Не само што е голем рехидратор туку е и моќен чувар на вашето здравје.

Домат

Доматот содржи близу 95% вода, но и огромна количина на антиоксиданси и други материи кои се од голема корист за телото. Користете го доматот секогаш и секаде. Тој е не погрешлива состојка во сите јадења и вистински избор за летото.

Во летните денови користете многу вода, свежо цедени не засладени сокови, како и ретки чорби и супи кои не се многу зачинети. Уживајте во салатите и лесната храна и избегнувајте ги алкохолните пијалаци.

www.doktori.mk, 24.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана