Неколку интересни факти за сексот кои не сте ги знаеле

Многу пати до сега сме зборувале на темата секс, но постојано се доаѓа до заклучок дека на оваа тема секогаш има нешто интересно плус што може да се каже. Денес ви претставуваме неколку факти за сексот кои можеби не сте ги знаеле.

Сексот помага да се одзатне носот

Интересно и вистинито. Оргазмот ја потикнува носната шуплина полесно да се справи со пречката, па затоа можеме слободно да кажеме дека оргазмот е вистински лек за затнат нос. Ова е уште една причина плус редовно да практикувате секс.

Срамните влакна го зголемуваат сексуалното задоволство

На овој факт сигурно ќе гледате иронично со оглед на тоа што денешната мода скоро и не дозволува срамни влакна во пределот на гениталиите. Сепак научниците велат дека и тие имаат своја намена. Срамните влакна имаат две функции, едната била важна во минатото кога тие ги штителе гениталиите, но другата е да ги зачувуваат сексуалните мириси така наречени феромони и да ја поттикнуваат желбата за секс кај партнерот - велат научниците.

Семената течност е природен антидепресив

Во семената течност има само 5% сперма, се друго се разни состојки кои имаат различно дејство врз организмот. Последното истражување покажало дека семената течност е одличен антидепресив, како и извор на разни други здрави материи, минерали и хормони. Интересно е да се знае дека исфрлањето на семената течност кај здрав маж за време на ејакулација изнесува околу 45 км/час.

Целерот моќен афродизјак

Целерот е еден од ретките докажани афродизјаци кои ги прават мажите повеќе привлечни. Целерот го поттикнува лачењето на феромони што директно влијае на сексуалната желба на партнерката.

 

 

 

www.doktori.mk, 23.07.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил