Што знаете за холестеролот?

доктор на медицина

Холестеролот е незаситена масна киселина која се наоѓа во крвта, и има задача да врши трансмисија на мастите од крвта до ќелиите на ткивото. Во организмот се сретнува во форма на холестерол со ниска густина (LDL), липопротеин со многу ниска густина (VLDL), липопротеини со висока густина (HDL).



Првите две форми се таканаречени "лош холестерол", бидејќи предизвикуваат брзо таложење на мастите во крвните садови, и доведува до артериосклеротични промени. Третата форма е таканаречена "добар холестерол", бидејќи го намалува таложењето на мастите во крвните садови, и го забавува процесот на артериосклерозата. Скоро две третини од холестеролот се ствара во црниот дроб или во цревата, а останатиот дел се внесува преку храната. Покрај основната улога на холестеролот да биде транспортер на мастите во организмот, тој учествува и во:

  •  метаболизмот на јагленохидратите;

  •  синтезата на витаминот Д, под дејство на ултравиолетовите зраци;

  •  синтезата на стероидните хормони како што е кортизон;

  •  холестеролот влегува во составот на ќелиската мембрана, и е неопходен во синтезата на машки и женски хормони;

Од нивото на овие три врсти на холестерол во крвта, зависи и здравствената состојба на организмот. Општо правило, е доколку нивото на HDL е повисоко, шансата да се заболи од срцеви болести е помала. Доколку нивото на LDL и VLDL е повисоко а нивото на HDL е ниско шансата да се заболи од срцеви болести е поголема. Во контекст на ова, не смее да се заборави и влијанието на триглицеридите врз заболувањето на крвните садови. Нивото на триглицеридите во однос на LDL и VLDL, кореспондира со влијанието на LDL и VLDL, врз заболувањето на кардиоваскуларниот систем.

Зошто расте холестеролот?

Постојат повеќе фактори кои делуваат на зголемувањето на нивото на холестеролот, а меѓу позначајните се: хронично заболување на црниот дроб, пушењето, кофеинот, стресот, контрацептивните средства, рафиниран шеќер, разни додатоци во исхраната и месните приозводи. Наведените фактори на ризик, сами за себе не можат да доведат до зголемувањето на холестеролот, доколку претходно не постои пореметување на метаболизмот на мастите, или не постои генетска предиспозиција. Ако е познато дека во потребниот енергетски биланс на организмот, мастите учествуваат во количина од 20 до 30 % од вкупната количина за нормален метаболизам на мастите, потребно е да бидат највеќе до 10 % заситени масни киселини. Заситените масни киселини се наоѓаат во продукти од животинско потекло, а незаситените масни киселини се наоѓаат во артиклите од растително потекло.



Прехрамбени продукти кои не го зголемуваат холестеролот

Кога станува збор за превентивни мерки за регулирањето на нивото на холестеролот во организмот, треба да се води сметка за начинот на исхрана, артиклите кои се користат во исхраната, како и физичката активност. Не постојат специјални шеми за исхрана, коишто гарантираат дека со исхраната успешно ќе се регулира нивото на холестеролот, туку со храната може да се елиминираат факторите на ризик кои доведуваат до зголемување на холестеролот.
Во однос на исхраната се препорачуваат прехрамбени артикли кои ги содржат сите врсти на житарици, морков, модар патлиџан, хром, влакна (грејпфруит), риба и рибино масло (омега-3 масни киселини), лукот, кељ, карфиол, разни врсти на грав и останати мешункасти растенија, кромид, јаболка (пектин), семки од тиква, црвена пиперка, оризови и зобни зрнца, соја и масло од соја, од сончоглед и маслинки, риба, пилешко и мисиркино месо (бело), младо телешко месо, витамин Ц, Е и јогурт.


Често пати се прави забуна кај луѓето, и треба да се знае дека, холестеролот и маснотиите како поими не се синоними, бидејќи маснотиите се одговорни за енергетскиот баланс на организмот, а холестеролот е транспортер на мастите до ткивата.Во регулацијата на нивото на холестеролот, активно се вклучени липотропните материи, кои доведуваат до растварање или хомогенизација на маснотиите. Од оваа група на материи најпозната е Омега-3 масната киселина, чија основна состојка е рибиното масло. Покрај ова Омега-3 може да се најде во помали количини во соиното масло, масло од маслодајна репка, и лененото семе. Таблетите од Омега-3, претставуваат избор од препарати кои можат многу да направат за организмот, а пред се во забавувањето на артериосклерозата, намалувањето на нивото на LDL холестеролот и триглицеридите, смалување на вискозноста на крвта (превенција на инфарктот и церебралниот инсулт), смалувањето на крвниот притисок, зголемувањето на имунитетот, ублажување на болките кај реуматоидниот артрит и има антиканцерогено дејство. Општо познато е дека заситените масни киселини допринесуваат до порастот на холестеролот, а незаситените имаат обратен ефект.




Мерки за намалување на холестеролот

Стандардна и усвоена процедура од нутриционистите во смалувањето на холестеролот, е придржувањето кон следните начела:

  •  диетална исхрана со избор на прехрамбени артикли;

  •  секојдневна употреба на овошје и зеленчук;

  •  зголемена физичка активност (начин на живот и навики);

  •  избегнувањето на факторите на ризик;

  •  употреба на липотропни материи, влакна и пектини;

  •  препорачана дневна доза на липолитици, е 1 до 2 таблети на ден. 

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 23.07.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина