Доктори.мк | Што вашите сексуални фантазии откриваат за вас? | Sto-seksualnite-fantazii-otkrivaat-za-vas | Портал за медицина и здравје

Што вашите сексуални фантазии откриваат за вас?

Секој од нас има некоја сексуална фантазија која го исполнува, секој има свои желби и страсти кои сака да ги исполни со својот партнер. Истите тие сексуални фантазии можат да откријат многу за вас и вашиот карактер. Денес ви презентираме неколку сексуални фантазии и нивното значење.

Желба да бидете потчинети

Доколку вие за време на сексот секогаш сакате да бидете потчинети, тогаш вие по карактер сте срамежлива и неодлучна личност, помалку и себична, но склона кон многу уживање. Вие сакате партнерот да ја диктира играта.  Желбата "тој се сам да направи", а вие само да уживате и да се препуштите на страстите е добра работа, но понекогаш морате и вие да превземате нешто, вие да го направите првиот чекор. Така ќе си го зачините сексуалниот живот, но и ќе влијаете на вашата самодоверба во секојдневниот живот.

Желба за групен секс

Доколку вие скришно мечтаете за групен секс, тогаш вие најверојатно имате израснато во конзервативно и традиционално семејство каде моралните вредности секогаш биле приоритет. Вие во животот секогаш сте морале да се ограничувате и тоа секогаш ве правело нервозни. Сексуалните фантазии секогаш ќе влијаат добро на вашиот сексуален живот без разлика дали желбата за групен секс ќе ви се оствари или пак не. Затоа опуштете се малку, и уживајте во животот онака како што од секогаш сте сакале.

Воајеризам, желба да гледате други додека имаат секс

Доколку едноставно вашата скриена желба е да гледате други додека имаат секс, тогаш вие по природа сте малку љубоморна, но пред се личност која сака да се натпреварува. Вашиот карактер е остар, а вие сте многу амбициозни. Воајеризмот помалку или повеќе е особина на секое живо суштество, и се додека не ги помине границите на нормалното не треба да се чувствувате загрижени заради ова.

Желба за доминација

Со вашиот партнер секогаш сакате вие да управувате во креветот. Вие сте иницијатор и креатор на целиот сексуален акт, вашиот партнер/ка,  нема многу право на глас. Ако се препознавте тука, тогаш вие по природа сте агресивна и помалку нервозна личност, но сте и многу интелигентни и амбициозни. Ваквите личности често се песимисти, но без разлика на тоа тие се големи борци и секогаш се борат до крај за она што го сакаат. Иако ова е добро, треба понекогаш да го оставите и вашиот партнер да го превземе првиот чекор, треба да ги разберете и неговите желби, бидејќи само вака ќе имате стабилна и долга врска.

 

 

www.doktori.mk, 21.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил