Оштетување на слухот

дипломиран логопед

Здраво човечко уво може да слуша осцилации од 16 Hz до 20 kHz. Перцепцијата на звукот е сложена појава и зависи од повеќе физиолошки психо – акустички фактори, а кога станува збор за перцепција на говорот тогаш целиот процес станува уште покомплексен затоа што зависи од слушното процесирање на јазичните способности и сл.

Големи потешкотии во перцепцијата на говорот имаат лицата со оштетен слух во говорното фреквенциско подрачје. Вообичаена поделба на оштетувањето на слухот се врши според степенот на губитокот на слухот :

  • Нормален слух: 0 – 19 dB. Овде се опфатени пореметувањата настанати до 20 dB. Иако ова представува минимален губиток на слухот, доколку не се му се даде соодветното внимание може да премине во поголемо и потешко оштетување.

  • Благо оштетување: 20 – 39 dB. Овие деца не можат да го слушнат говорот или шепотот, но можат да слушнат нормален разговор. Можат да слушнат и говор кога соговорникот е оддалечен од нив или е завртен со грбот спрема нив. Во полемиот дел од случаите не е потребно слушно помагало, но треба да се поработи на корекцијата на малите неправилности во говорот.

  • Умерено оштетување: 40 – 59 dB. Детето не го слуша добро конверзацискиот говор, но може да слушне говор кој е со појачан интензитет или викање. Има големи потешкотии во разбирање на високите косонанти и има значителни потешкотии во разбирањето при што е потребен слушен апарат и рехабилитација.

  • Тешко оштетување: 60 – 89 dB. Овие деца не можат да го слушнат говорот дури и кога им се вика, па доколку не се превземат соодветните рехабилитациони мерки можат да станат глувонеми. Ако оштетувањето настанало покасно, од кога се развил говорот, најпрво се јавуваат одредени дисторзии на гласовите со присутни акрактеристики на говор на глувите. Неопходен е многу јак апарат и интензивна рехабилитација.

  • Многу тешко оштетување: 80 - 90 dB. Ова представува граница со практичната глувост. Кај ваквите деца доаѓа до глувонемост особено ако навреме не се открие ваквото тешко оштетување, не се употреби многу јак слушен апарат и ако не биде превземена интензивна слушна и говорна рехабилитација.

  • Практична глувост: повеќе од 90 dB. Кај ваквото оштетување ни најјакиот слушен апарат не може да даде никакви резултати. И разбирање на говорот. Аудиолошката рехабилитација не може да се спроведе, но со интензивна работа за учење на читање на говорот од уста може да се спречи развојот на глув хабитус. Тоа е цела постапка идентична на процесот на демутизација. 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина