Доктори.мк | Аудитивен тренинг и слушна меморија | auditiven-trening-i-slusna-memorija | Портал за медицина и здравје

Аудитивен тренинг и слушна меморија

дипломиран логопед

Аудиторниот тренинг или ауралната рехабилитација е начин на едукација и реедукација на било какви слушни способности кои преостанале после оштетувањето на слухот за да се развие најголемата можна изоштреност на перцепцијата и интерперцепцијата на акустичките стимулси. Тоа е користење на различни постапки и инструменти од страна на компетентни стручњаци со цел реставрирање, развивање и зголемување на слушно-говорните прцепции кај децата и возрасните за подобрување на комуникативните способности на база на аудитивната меморија.



Аудиторниот тренинг или ауралната рехабилитација се однесува на слушањето вклучувајќи ги двете перцепции:

  •  Акустичката перцепција и способност за разбирање на говорните пораки исклучиво преку остатокот на слухот;

  • Визуеланата перцепција на говорот, каде порај остатокот на слухот се користи и визуеланата компонента со цел да се компензираат гласовите кои тешко можме да ги слушнеме.

И двете перцепции имаат иста цел: разбирање на говорот или сваќање на изговорените зборови, фрази и говорот во целина. Актот на слушање го вклучува и говорниот ритам и интонација, модулацијата на гласот во говорниот акт, перцепцијата на гласовите како говорна основа. Врз основа на ова аудиторниот тренинг има за цел развој на личниот говорен ритам и интонација на говорните гласови во артикулацискиот акт. Аудиторниот тренинг и овозможува на секоја личност во услови на хипоакузија да ја слушне или да ја осети вибротактилната дразба и самиот говор, или да го корегира сопствниот говор спрема говорниот модел на аудиопедагогот.



Значи примарна цел и задача на аудиторниот тренинг е да ги оспособи лицата ( деца и взрасни ) со оштетен слух за психофизичките функции разбирање (јазична компетенција) и говорење (јазична продукција или говор) кои во услови на оштетен слух мора да се научат. Кај оштетениот слух должината на интревалот помеѓу свесната перцепција на звукот и спонтаниот говор зависи од почтокот на аудиторниот тренинг и кај децата и кај возрасните. Колку е временскиот период по краток од настанувањето на слушното оштетување и почетокот на тренингот успехот е поголем и обратно. Поради тоа и задачата на аудиторниот тренинг е да помогне во прв ред на слушно оштетеното дете а потоа и на возрасните наглуви или оглувени лица да го оспособат своето оштетено сетило за слух и да развијат што поптполн капацитет на сопствената говорна комуникација без оглед на степенот на физиолошкото оштетување на својот аудитивен рецептор.


Аудиторниот тренинг треба да го води компетентен стручњак во прв ред сурдоаудиолог, логопед, сурдопедагог кој покрај општото стручно знаење мора да има и добри слушни и говорни способности.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за Теодора Богојеска

www.doktori.mk, 21.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина