Убавината наречена здравје

студент по медицина

Сон – мотивација – цел – реализација

Трчаш маратон. Наидуваш на неколку препреки... Страв... Хм, дали ќе ги преминеш? Вреди да пробаш. Но, што ќе добиеш од сето тоа? Љубопитен/а си... Мислам дека треба да се обидеш.

Направи го она што го направив јас. Верувај во себе!

 

Здрави навики:

Стекни навика да правиш нешто добро за себе,а наградата од сето тоа ќе ја подигне твоето тело. Oдржувај го тоа што е можно подолго и воедно,уживај во истото.Продолжи да бараш нови начини за твојата реализација да биде дури и повеќе од тоа што си очекувал/а. Едуцирај се повеќе и примени што е можно повеќе од следните здрави навики.



Диета:

Немој да го применуваш тоа како неиздржливо и исцрпувачко гладување. Појадокот е нешто што никако не смееш да го изоставиш. Избегнувај рафинирани и преработени продукти, масло и заситени масти, сето тоа замени го со сложени јаглехидрати, овошни салати, протеинска храна во комбинација со изобилие од зеленчук. Свежо цедени сокови приготвени во домашни услови нека бидат твоја замена за газиран пијалок кој е преполн со шеќери кои немаат никаква нутритивна вредност. Фокусот насочи го на тоа да јадеш помалку, но повеќе пати во текот на денот. Твоето тело веднаш ќе ја забележи разликата и ќе се чувствува подобро.

Рекреацијa :

Одбери рекреација, особено во викендите (оние денови за одмор) и акцент стави на некое авантуристичко патување заедно со добро друштво, искачување на некоја планина или некои повозбудливи облици на рекреација како испробување на некој нов екстремен спорт кои дефинитивно ќе те исполнат само со позитивна енергија, ќе те стимулираат и ќе те натераат да продолжиши понатаму обидувајќи се. Тоа ќе биде една освежувачка работа на твое сопствено уживање во која твоето задоволство интензивно ќе расте.

Активност:

Кардио-тренинг + стомачни вежби = твое секојдневие 

Фокус: интензивни вежби и нивна комбинација.

Секоја наредна недела - зголемен интензитет и воведување нови вежби. Со сето тоа твојот метаболизам ќе се забрза и ќе допринесеш за побрзо согорување на калориите, а со тоа и намалување и ослободување од масните наслаги кои претходно биле наталожени и складирани на твоето тело. Воедно, ќе го тонираш своето тело и ќе ја зголемиш мускулната маса а со тоа и твојата издржливост.



Вода:

Секојдневно консумирај минимум 2л. вода и труди се тоа да ти стане дневна рутина, особено во деновите кога си физички најактивен/а. Со самото тоа, ти вршиш детоксикација, ја зголемуваш својата енергија, го намалуваш стресот, го подобруваш варењето на храната и се чувствуваш многу подобро.Водата е живот токму поради тоа нејзиното моќно дејство. Таа содржи многу бенефиции поради тоа што е потребна за правилно функционирање на организмот и за сите негови потреби.

Јога и медитација:

Мир и релаксација. Секојдневно одвојувај време за себе, затоа што тоа го заслужуваши на тоа максимално насочи го своето внимание.Тоа е време кога се оттргнуваш од своите грижи и преокупации. Правилно дишење + максимално ниво на смиреност = единство меѓу телото и духот.

Постигни рамнотежа, со тоа ослободи се од стресот кој ти претходел за да можеш полесно да се носиш и со стресот кој ти следи, со цел полесно да го надминеш. Ќе се чувствуваш поисполнет/а и помоќен/а во истиот момент.


Ефективност: Правам се, но нема промени. Зошто е тоа така ?

Можеби денес нема напредок, но дефинитивно си чекор поблиску од вчера. Знај дека треба да продолжиш обидувајќи се што е можно повеќе. Како? Превземи ситни, но сигурни чекори и продолжи да се придржуваш до сето ова, бидејќи знај - еден ден дефинитивно твојата ефективност ќе биде видлива во твоето огледало.



Доби нешто од сето ова?

Склоп од психичка и ментална рамнотежа сплотена во едно нешто - ЗДРАВЈЕ!

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за Корнелија Ѓорѓиеска

 

www.doktori.mk, 21.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил