Сода бикарбона сојузник на вашата убавина

Содата е намирница која редовно се користи во вашата кујна. Но, може да биде корисна и во вашата бања. Таа е добар сојузник на вашата убавина. Како? Прочитајте во текстот што следува ...

Нежна кожа

Помешајте сода бикарбона во вода, во однос 3:1. Измешајте ја добро оваа смеса и користете ја на сите делови на телото каде што на кожата и е потреба хидратација.


Нега на стапалата

Во сад со вода ставете две лажички сода бикарбона и додајте уште една лажичка сол. Во оваа купка ставете ги вашите стапала и масирајте ги дваесетина минути. Оваа купка ќе ги ревитализира вашите стапала и ќе ги отстрани сите нечистотии.


За здрава коса

Додадете една лажичка сода во вашиот шампон кој редовно го користите. На овој начин освен што ќе имате чиста и витална коса, ќе и овозможите свежина  на кожата и непречено дишење.


Каснување од комарец

Каснувањето од комарец може да биде вистинска ноќна мора, освен чешање остава и козметички флеки на вашата кожа.  Ако на местото на каснувањето ставите малку сода, ќе го намалите чешањето, а со тоа и лузната на кожата која останува после чешањето.


Блескава насмевка

Ако после секое миење на забите со паста, вашата четка ја ставите во малку сода и направите повторно кратко четкање на забите, вашите заби ќе станат бели, а вашата насмевка неодолива.


 

 

 

 

www.doktori.mk, 08.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил