Доктори.мк | Спортот најдобра превенција против рак | sportot-najdobra-prevencija-protiv-rak | Портал за медицина и здравје

Спортот најдобра превенција против рак

Постојано се дискутира за тоа што е важно да се применува како превенција против рак. Но, научниците едногласно потврдија: Редовното практикување на спортот, најдобра превенција против рак.

Луѓето кои редовно се занимаваат со спорт имаат за 50% помал ризик да заболат од рак, велат научниците. Едно истражување кое опфатило 500 000 испитаника покажало дека жените кои пред менопаузата биде активни имаат за една третина помал ризик да заболат од рак, во споредба со останатите. Исто така научниците велат дека, кога велиме спорт не мислиме само на професионалните спортови, туку и на домашните активности, како што е одржување на градината, копање и сл.

Воторо истражување кое било спроведено на 5 000 пациентки кои биле оперирани од рак на дојка, покажало дека оние кои 3 до 5 часа неделно пешачеле имале двојно помали шанси за рецидив. Исто така научниците велат дека, лицата кои пешачат 3 часа неделно, имаат за 25% намален ризик да заболат од рак на дебело црево.

И не само кај овие типови на канцери, туку кај скоро секој тип, пешачењето има голема улога во намалување на ризикот. Овие проценти се само пример кој покажува колку драстично можете да ги намалите шансите да добиете рак, ако редовно пешачите и практикувате некој спорт. Затоа запомнете дека најдобрата превенција од рак е спортот, а редовното пешачење е еден од најлесните и добро ефективните спортови.

www.doktori.mk, 30.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина