Доктори.мк | Лук - Антибиотик од природната аптека | luk-antibiotik-od-prirodnata-apteka | Портал за медицина и здравје

Лук - Антибиотик од природната аптека

доктор на медицина

Од многу одамна се знае дека лукот поседува извонредни лековити својства и бил користен како храна и лек во многу култури повеќе од илјада години. Научните истражувања покажуваат дека бил употребуван уште од времето на Египетските фараони и најраните Кинески династии.



Лукот и диететските додатоци кои што се базирани на екстракт од лук, превенираат многубројни заболувања и состојби, вклучувајки ги високиот крвен притисок, атеросклерозата, грип, настинки, кашлица, бронхитис, гастроинтестинални проблеми и менструални болки. Студиите покажуваат дека лукот уништува многу видови на микроорганизми: бактерии, вируси, габи а во некои случаи дури и цревни паразити. 

Лукот исто така е многу ефективен антиоксиданс кој што го зајакнува телесниот имун систем и превенира канцерогени состојби како што е цревниот канцер.Ова растение содржи повеќе од 200 биолошки активни материи: витамини, минерали, аминокиселини и ензими. Лукот природно е богат и со селен и есенцијални траги од минерали кои имаат најразлични лековити дејства врз организмот. Како и да е, лукот е најпознат по своите ефекти врз кардиоваскуларното здравје и покажува одлични резултати во третирањето на високиот холестерол и триглицеридите во крвта, атеросклерозата, инфекции и сл.



Биохемиски најактивна супстанца во лукот е етеричното масло наречено алицин кое претставува природно средство за снижување на високиот крвен притисок, за детоксификација на крвта, делува како природен антибиотик, ја лекува главоболката и го подмладува организмот.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 02.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана