Неколку невистини поврзани со комарците

Комарците веќе започнуваат да стануваат голем проблем. Некои луѓе се полесен плен некои помалку се напаѓани од комарци, како и да е секој ќе се согласи со фактот, дека комарците во летниот периот се големи уништувачи на забава. Денес ви презентираме неколку невистини поврзани со комарците во кои луѓето веруваат.

Повеќе шеќер во крвта поголема мета на комарци

Не, ова е целосно измислен мит. Глукозата во крвта нема никакво влијание врз привлекувањето на комарците. Комарците ги привлекуваат други работи на телото како што се разните мириси и потта. Затоа, доколку сте честа мета на комарци, немојте да се грижите дека можеби сте дијабетичари, како што велат некои луѓе кои го шират овој целосно неточен мит.

Лукот ги протерува комарците

Некои луѓе консумираат, па дури и се мачкаат со смеси од лук, само за да ги протераат комарците. Но, се што ќе направите е само ќе мирисате на лук и наместо комарците ќе ги протерате луѓето околу вас. Нема никакви докази дека мирисот на лук влијае врз комарците. Има проверени препарати на природна база кои се продаваат низ маркетите и аптеките. Доколку сакате да се заштитие, користете ги тие препарати кои воедно не се многу скапи, а се лесно достапни.

Сите комарци шират болест

Не, ова е далеку од точно, немојте да паничите. Во светот се познати повеќе од 3 000 типови на комарци, но за медицината се важни само неколку, како пренесувачи на опасни болести. Затоа немојте да се вознемирувате, сите комарци не се заразни.

 

 

www.doktori.mk, 28.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил