Есенцијални масни киселини

доктор на медицина

Есенцијалните масни киселини (EFAs) неопходно е да се внесуваат при секојдневниот режим на исхрана бидејќи телото не ги произведува како такви. Тие се многу битни за здравјето на човекот. Присутни се во секоја клетка од човековото тело и битен фактор се за нормалниот раст, развој и функционирање на клетките, мускулите, нервите и органите. Се користат и во продукција на одредени хормони - како на пример простaгландините, кои што се клучни за одвивање на одредени битни процеси.

Дефицитот од EFAs се јавува поради низа здравствени проблеми, вклучувајќи ги тука и потешките заболувања како срцевите заболувања, карциномите и дијабетот. Проценето е дека повеќе од 80 % од популацијата во САД не внесува доволно есенцијални масни киселини во својот режим на исхрана. Многу мал број на здравствени прашања не добиле толку внимание во последната третина од дваесетиoт век, како прашањето за мастите во исхраната. 68% од смртните случаи во САД се поврзани со потрошувачката на масти во организмот, вклучувајќи ги тука срцевитe заболувања (44 % смртни случаи), карцином (22%), дијабет(2%). Има неколку типови на масти. Заситените масти главно ги има во продукти од животинско потекло, вклучувајќи ги тука месото и млечните продукти, авокадото и оревите. Холестеролот, како тип на маст, се наоѓа исклучиво во продуктите од животинско потекло. Холестеролот во мали количини се синтетизира и во телото од заситените масти. Обилната потрошувачка на заситени масти и холестерол е поврзана со срцевите заболувања и карциномот. Незаситените масти се типични масла од зеленчукот и оревите а воедно се присутни и во одредени типови на риба и се сметаат за најздрави масти. Есенцијалните масни киселини се незаситени масти и се едниствениот тип на масти кои треба зголемено да се внесуваат во исхраната, посебно кај популацијата во САД.

Научниците ги класифицираат есенцијалните масни киселини во 2 типа и тоа омега-3 масни киселини и омега-6 масни киселини, во зависност од нивниот хемиски состав. Технички гледано омега-3 масните киселини се алфа-линолеичната киселина, стераидоничната киселина и EPA и DHA.



Алфа-линолеичната киселина најчесто ја има во лененото семе, сојата, оревите, семето од коноп и темно-зелените мешункасти зеленчуци. Стераидичната киселина ја има во некои поретки типови на семиња и ореви, како на пример семето од рибизла. EPA и DHA се присутни и во некои типови морски риби како што се саломон, пастрмка, сардини и скуша.
Oмега -6 масните киселини се употребуваат повеќе отколку омега-3 масните киселини кај популацијата во САД. Тука спаѓа линоленската киселина која ја има во шафранот, маслинките, бадемите, сончоглед, сојата, оревите, тиквата, сусамот и лененото семе.

Гама-линоленската киселина (GLA) ja има во некои семиња и во маслото од јаглика. Архидонската киселина (АА) ја има во месото и животинските продукти. Двата типа на EFAs, омега-3 и омега-6 се неопходни за здравиот начин на исхрана. Дефицитарноста на есенцијалните масни киселини се предизвикани од промените во режимот на исхрана и од модерниот процес на изработка на храната и маслата. Многу нутриционисти сметаат дека голем проблем во режимот на исхрана е употребата на хидрогенизирани масла, кои се присутни во маргаринот како и многу други типови на продукти. Хидрогенизираните масла со индустрискиот процес на преработка стануваат високо рафинирани и содржат токсични продукти и транс-масни киселини. Транс-масните киселини се масни молекули со хемиски изменета структура и се верува дека имаат повеќе штетни ефекти врз организмот.


 

Транс-масните киселини интерферираат со апсорпцијата на здравите типови на есенцијални масни киселини и можат да допринесат за појава на атеросклероза и оштетување на артериите. Пржената храна содржи транс-масни киселини, бидејќи таа се подготвува со масло загреано на висока температура кое е многу штетно. Многу експерти, вклучувајќи ги и експертите од СЗО, апелираат против употребата на хидрогенизираните масла транс-масните киселини во исхраната. Состојби кои се јавуваат поради употреба на транс-масните киселини во исхраната се карциномите, срцевите заболувања, покачен холестерол, дијабетот, дебелината, пореметувања на имунолошкиот систем, намалено количество на сперма, проблеми во развојот кај децата. Промените во режимот на исхрана кои условуваат недостаток од есенцијални масни киселини вклучуваат зголемена употреба на масти кои воопшто не содржат омега-3 масни киселини или содржат многу малку. Со индустриското мелење на брашното се отстрануваат микробите кои ги содржат EFAs . Зголемената употреба бел шеќер и пржена храна може негативно да делува врз апсорпцијата на EFAs како и намалената конзумација на риба. Балансирата употреба на омега-3 и омега-6 EFAs во исхраната е препорачана од експерти.


 

Вообичаено американците конзумираат поголема количина на омега-6 EFAs, бидејќи нив ги има во месото, животинските продукти и слични типови на масла за готвење. Истражувањата покажале дека премногу користење на омега-6 EFAs може да доведат до дисбалансирано продуцирање на простогландини, а тоа предизвикува здравствени проблеми. Експертите препорачуваат омега-3 и омега-6 EFAs да бидат внесувани во организмот во сооднос 1 : 3. Американците ги конзумираат во сооднос 1 : 40. Така да, потребата од зголемено количество од омега-3 EFA e покачена. Симптоми кои се јавуваат при недостаток на EFAs се сува или лушпеста кожа, екстремно сува коса, кршливи нокти, замор, малаксаност, чести инфекции, алергии, промени во расположението, хиперактивност, депресија, проблеми со помнење и учење, бавно зараснување на рани, болки во зглобовите, слаба дигестија, висок крвен притисок, дебелина и високо ниво на холестерол.


Употреба

Есенцијалните масни киселини се препорачуваат за повеќе од 60 здравствени состојби. Се употребуваат и при терапии за третман и превентива на кардиоваскуларни заболувања, како што се срцевите заболувања, висок холестерол, срцеви напади и висок крвен притисок. Тие исто имаат антифламаторно дејство и се употребуваат при третмани на артритис, астма, алергии и кожни заболувања (пр.егзема). EFAs се употребуваат и при третмани на заболувањата на имуниот систем, како што е СИДА, мултиплекс склероза и лупус. Други состојби кои можат да се подобрат со внес на есенцијални масни киселини се појавата на акни и други кожни заболувања, депресија, проблеми во менопаузата, нервни болести, дебелина, проблеми со меморија и учење. Во клиничката студија на Универзитетот во Охајо во 2007 год. дојдено е до заклучок дека доколку во исхраната се внесува доволна количина на суплементи на омега-3 масни киселини, може да се намали ризикот од појава на дијабет тип 1, кај деца кои се висок ризик фактор. EFAs се препорачуваат и кај програмите за губење на килограми, затоа што значително помагаат во метаболизмот на мастите. Две клинички студии спроведени во 2007 год. укажуваат дека исхраната богата со омега-3 масни киселини можат да помогнат во третирање на одредени психијатриски заболувања. При една студија спроведена во Австралија се докажало дека децата кои покажуваат рани знаци на психоза, а на кои им се давани суплементи од омега-3 масни киселини имаат 6 пати помалку можности да развијат психотични нарушувања, отколку децата кои во својот режим на исхрана не внесуваат омега-3 масни киселини. Вториеот тип на студија-мета анализа од страна на истражувачите во САД, укажува на фактот дека омега-3 масните киселини се ефективни суплементи при третманот на граничните растројства на личноста (BPD). Oвој тип на растројство најчесто се јавува кај жените и се манифестира со недостаток на само-свест, хаотични констелации со други лица, депресија, импулсивна агресија, како и нестабилни особини кај личноста.

Производи

Најчести типови на суплементи од EFAs се лененото семе, маслото од јаглика, борачот, семето од црна рибизла, маслото од конопово семе, масло од црн дроб на ајкула. Конзументите треба да употребуваат суплементи кои содржат и омега-3 и омега-6 масни киселини, бидејќи дисбалансот на EFAs може да појави доколку се зема вишок од едниот тип на масни киселини при подолг временски период. Најпрепорачливо е лененото семе поради тоа што содржи најголем процент на омега-3 масни киселини во комбинација со омега-6. Генерално, лененото семе и е најефтин вид на суплемент кој содржи омега-3 масни киселини и е многу поефтино од суплементите кои содржат рибино масло. Маслото од јаглика е посебно ефектно кај состојбите на ПМС (предменструален синдром), бидејќи содржи GLA кој покажал позитивни резултати при третманот на ПМС и други слични состојби. Сепак, маслото од јаглика не содржи омега-3 масни киселини. Маслото од конопово семе е одлично избалансиран извор на двата типа на масни киселини. Суплементите можат да се набават во продавниците за здрава храна во вид на течност или капсули. Препорачана дневна доза е 1-2 супени лажици или 13-26 капсули за време на оброк. Во 2007 та , печатениот медиум USA Today ги означи омега-3 масните киселини за едни од најпожелните суплементи во 2007, бидејќи се поголем број на производители на храна додаваат суплементи од омега-3 масните киселини во продуктите. 

Предупредувања

Суплементите од ЕFAs се нежни и кревки продукти кои мора да бидат соодветно произведени, спакувани и соодветно да се ракува со нив. Конзументите треба да побараат суплементи од квалитетни и реномирани производители на EFAs . Треба да бидат пакувани во амбалажа отпорна на светлина, бидејќи сончевата светлина ги оштетува EFAs. На амбалажата треба да е назначен датумот на производство и рокот на употреба, се со цел да се запази свежината на суплементот. Во продажните центри суплементите треба да се чуваат на ладно бидејќи топлината ги оштетува, а истото важи и за конзументите. Вкусот го одредува квалитетот на EFAs: тие суплементи што немаат вкус обично се премногу рафинирани, а тие што имаат горчлив вкус се стари или расипани. Поради тоа што се преробатуваат на ниски температури,суплементите од EFAs не се компатибилни да се употребуваат во вид на масло за јадење. Американската дирекција за храна и лекови (FDA) ги предупредува бремените жени, доилките, родителите на доенчиња и мали деца за потенцијалните опасности од изложување на жива со конзумација на риба која е богата со омега-3 масни киселини и капсулите со рибино масло. Високи количини на жива можат негативно да делуваат на развојот на фетусот и малите деца. Вегетаријанците може да користат суплементи кои содржат високи количини на алфа-липоична киселина, како и одредени масла од типот на ленено масло и ореви.


 

Несакани ефекти

Несакани ефекти кои се јавуваат со користење на суплементи од EFAs се многу ретки, бидејќи EFAs не се токсични и се употребуваат од телото како енергија кога се земаат во соодветни количини.

Интеракции

За да се зголемат бенефитите од суплементите на EFAs треба да се проследат неколку препораки. Конзументите на EFAs треба да го намалат внесувањето на масти во својата исхрана и тоа претежно на заситени масти. Американската асоцијација за срце укажува дека при здравиот режим на исхрана 30 % или помалку од вкупниот број на калории е од мастите. При внесување на 2000 калории дневно, 600 калории или помалку треба да се од мастите, вклучувајќи ги тука и суплементите од масни киселини. Конзументите треба целосно да го елиминираат внесувањето на хидрогенизирани или делумнохидрогенизирани масла, што би подразбирало да ги отсранат од својата исхрана продуктите кои ги содржат горенаведените масла како што е маргаринот и многу видови на пакувана храна. Исто така треба да се елиминара храната што содржи транс-масни киселини, како што е на пр. пржената храна. Масла кои што се препорачуваат за готвење се маслиново, сончогледово и сусамово масло. Ефектите од конзумација на EFAs се зголемуваат доколку се намали употребата на шеќер и алкохол во исхраната. Хранливите материи кои го подобруваат дејството на EFAs се витамините Б-комлекс, витамин Ц, цинк и магнезиум. Како и со било кој додаток, ефикасноста на EFAs може да се надополни со исхрана богата со влакна што подразбира употреба на свежа и природна храна и конзумација на риба два пати неделно.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување


 

 

 

www.doktori.mk, 25.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - фармација