Јаглерод диоксид и неговото влијание врз човекот

студент по медицина

Јаглеродниод диоксид претставува молекула која што се состои од еден атом на јаглерод и два атоми на кислород. Како гас е 1,5 пати потежок од воздухот, важи за гас без боја, мирис и вкус. Неговата концентрација во воздухот оптимално треба да е 0,003% од вкупната концентрација на материите во воздухот.

Благото покачување на јаглеродниот диоксид во воздухот го зголемува процесот на асимилација, но доколку неговата концентрација достигне 3 % претставува штета за растенијата, а концентрации од 10 % предизвикуваат смрт. Нормално неговите концентрации се поголеми во вечерните часови од денот отколку во дневните, се разбира поради искористувањето на јаглеродниот диоксид од растенијата заради процесот на фотосинтеза.

Се користи за газирање на пијалаците. Влегува во јаглеродниот циклус, фотосинтезата каде што од јаглерод диоксид и вода се добива глукоза која што е многу важна како за човекот така и за животните. Исто така, како еден од стаклечките гасови влегува во ефектот на стаклена градина без која не би постоел животот на земјата поради тоа што и тој како и другите ја „заробува“ топлината, а со тоа ја одржува топлината на Земјата. 

Но, проблемот се јавува при неговите зголемени концентрации кои штетно влијаат врз целата животна средина, а најмногу штета има човекот. Со зголемените концентрации на јаглеродниот диоксид се зголемува и топлината на Земјата што значи дека има многу голема улога во процесот на глобалното затоплување и последиците од него како што се зголемени температури кои што придонесуваат до топење на мразовите, зголемување на нивото на водата на океаните, а следствено на тоа зголемување на поплавите. Зголемувањето на температурата има големо влијание на испарувањето на водата, а тоа предизвикува и до зголемени врнежи. Освен тоа, зголемувањето на јаглеродниот диоксид го отежнува дишењето на луѓето особено на вулнерабилните групи како што се децата, бремените жени и старите лица. Поради ова се зголемува и бројот на хронични белодробни заболувања, алергиски реакции и астма. 

Штетното влијание на јаглеродниот доксид може да се спречи со следните мерки : 

  • Урбанистички мерки – (кои што вклучуваат зголемување на зелените површини со цел зголемување на процесот на фотосинтеза.)

  •  Технолошко – технички мерки (кои што вклучуваат намалување на емисиите на јаглеродниот диоксид.)

  •  Административно – управни мерки (кои вклучуваат законска регулатива на дозволени емисии на јаглеродниот диоксид.)

  •  Воспитно - здравствени мерки (кои вклучуваат запознавање на популацијата за влијанието на јаглеродниот диоксид како и совети за заштита од неговото штетно влијание.) 

 

дознајте повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 24.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина