Лековитите моќи на морето

Морето прави чуда кога е во прашање човековото здравје, вака велат скоро сите научници кои го проучувале влијанието на морето и морската вода врз човековото здравје. Ние денес накратко ви презентираме некои придобивки кои морето може да ги пружи на вашето здравје.

Морски воздух - Дишете со полн капацитет

Морскиот воздух е одличен за човековото здравје, тврдат научниците. Наутро на самото изгревање на сонцето, најдобро е да прошетате низ морскиот брег, дишете длабоко и опуштете се. Морскиот воздух помага при респираторни заболувања и проблеми со синусите, а влијае и на емоционалното здравје на човекот велат научниците.

Морска вода - Еликсир на телесното и ментално здравје

Мораската вода е вистински еликсир за човековото тело. Додека телото е во водата, крвта циркулира подобро, организмот се детоксицира, мускулите добиваат зголемен прилив на крв, а со тоа и адекватна оксигенација и полесно излачување на штетните метаболити. Морската вода е лек за вашата кожа, извор на здравје за вашето срце, и рај за човековата психа. Научниците советуваат додека сте во вода да го интензивирате користењето на мускулите, бидејќи со тоа ќе ги придобиете сите благодети на морската вода.

Морски песок - За здрави табани и добра циркулација

Морскиот песок е непроценливо добар за вашето здравје. Можеби ќе се изненадите, но тој е вистински пилинг за вашите стапала, обликувач на вашите нозе, регенератор на повредите и вистински потикнувач на циркулацијата. Половина час шетање боси на морскиот песок е непроценлив дар за вашето тело.

Морско сонце - Мали дози на сончање, за големи дози на здравје

Малку изложување на сонце со адекватна заштита е вистински дар за вашето тело. Го поттикнува создавањето на витаминот Д, делува против псоријаза, реуматиден артрит, остеопороза и многу други состојби. Сепак доколку се претера последиците можат да ги надминат корисните особини, затоа повеќечасовно изложување на сонце воопшто не се смета за здрава навика.

Морето е вистински дар за човековото тело, доколку имате можност немојте ни да размислувате дали изборот за овогодинешниот летен одмор да ви биде морето. Кое и море да биде вашиот избор нема да погрешите, секое крие свои богатства и убавини, и секое има позитивен ефект кон вашето здравје.

 

www.doktori.mk, 16.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил