Доктори.мк | Пет митови поврзани со изневерувањето | Pet-mitovi-povrzani-so-izneveruvanjeto | Портал за медицина и здравје

Пет митови поврзани со изневерувањето

Изневерување, ова е тема на дискусија секаде во светот, проблем кој уништува многу врски и бракови. Зошто се случува, каде е точно проблемот? Ова е широка тема за дискусија. Ние денес ви презентираме пет митови кои се поврзани со изневерувањето.

Изневеруваат само оние кои се несреќни во врската

Ова е полумит. Точно е дека оние кои се несреќни во врската се склони кон изневерување, но, и оние кои имаат одлична врска и добар секс со партнерот, повторно можат да изневерат. Успешната врска, редовниот секс и љубовта не се работи кои со сигурност можат да ви кажат дека партнерот ви е верен.

Мажите повеќе изневеруваат

Не, ова е мит, статистички често се покажувало дека мажите изневеруваат повеќе, но научниците тврдат дека жените подобро ги криат трагите и потешко се откриваат за разлика од мажите. Поради ова не може да се каже дека едниот пол изневерува повеќе од другиот.

Изневерувањето е знак дека не ве сака

Изневерувањето е знак дека не ве почитува, но, не и дека не ве сака. Колку и да е ова банално, многу истражувања покажале дека изневеруваат и  луѓето кои премногу се заљубени во својот партнер.

Изневерувањето може да се спречи

Не! Ова е најголемиот мит. Овој мит предизвикува љубомора и уништува многу врски без причина. Запомнете, ако партнерот има намера да ве изневери, не постојат методи со кои тоа ќе можете да го спречите.

Само сексот е изневерувње

Секако дека не. Сексот е висок степен на изневерување, но и мислењето на друг/а во главата е исто така неверство. Тајни разговори, бакнеж, исто така се неверства кои имаат голема тежина, без разлика дали имало или немало секс. 

 

www.doktori.mk, 22.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил