Доктори.мк | Природни лекови против изгореници предизвикани од сончање | prirodni-lekovi-protiv-izgorenici-predizvikani-od-soncanje | Портал за медицина и здравје

Природни лекови против изгореници предизвикани од сончање

Многу пати до сега сме зборувале дека е потребна адекватна заштита на кожата за време на сончањето. Сме ги споменале и ризиците по здравјето кои ги носи директното изложување на сончева светлина без заштита. Но, како и да е понекогаш сите можеме да дојдеме до ситуација кога ќе се здобиеме со изгореници на грбот или лицето како резултат на невнимателно изложување на сонце. Денес ви претставуваме неколку трикови на народната медицина, кои се ефикасни против изгореници предизвикани од сончање ...

Mлеко

Млекото директно премачкувајте го на кожата неколку пати на краток временски интервал. При премачкувањето користете стерилни ракавици или вата, за да не го допирате местото директно со раце, овој трик е едноставен и не толку познат, но дава добри резултати.

Јогурт

Исто како и обичното млеко и јогуртот нанесете го врз местото кое е зафатено со изгореници. Оставете го јогуртот да се исуши на тоа место, а по кратко време нанесете повторно. Со неколку третирања изгорениците веќе би требало да бидат излекувани.

Камена сол

Камената сол се користи кај изгореници кои се малку од повисок степен, односно при појава на пликови исполнети со течност. Камената сол се нанесува на мокра крпа и се става врз пликовите. По одредено време тие ќе се повлечат.

Крема со алое вера

Најбезбеден и најздрав метод за обнова на оштетениот дел од кожата. Користете ја оваа крема редовно и тогаш кога немате сериозни изгореници како превенција, но и како третман за здрава и негувана кожа.

www.doktori.mk, 22.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина