Доктори.мк | Четири факти за пенисот кои можеби не сте ги знaеле | cetiri-fakti-za-penisot-koi-mozebi-ne-ste-gi-znaele | Портал за медицина и здравје

Четири факти за пенисот кои можеби не сте ги знaеле

Пенисот е орган, како и сите други органи во телото, и треба да се третира рамноправно. Ова е прв факт кој треба да се каже за да се разбијат сите табуа околу здравјето на машките и женските полови органи. Неодамна зборувавме за неколку факти кои треба да ги знаете за вагината. Денес ќе ви презентираме четири факти за пенисот, кои можеби не сте ги знаеле.

Големината на пенисот во еректилна и флакцидна состојба воопшто не е поврзана

Ова е факт кој треба секоја жена да го знае. Пенисот во флакцидна состојба може да изгледа голем, но во еректилна да не се добие ништо повеќе од тоа, и обратно, во не-еректилна состојба пенисот може да изгледа како да е премногу мал, а по ерекцијата да ве натера мислењето тотално да го промените. Затоа девојки запомнете - за големината на нечиј пенис судете единствено кога пенисот е во ерекција.

Пенисот е многу поголем од она што е достапно за гледање

Еден дел од пенисот е внатре и кога ќе го погледнете на MRI има изглед на бумеранг и изгледа навистина голем. Е сега, колку од пенисот е внатре, а колку надвор, се зависи од индивидуата.

Долниот дел на глансот е најчувствителен

Според истражувањата долниот дел од глансот на пенисот е најосетливата точка кај мажите. По неа следува кожичката, па мошниците и аналната регија.

Кожата на пенисот е резервоар на бактерии

Кожата која го покрива глансот на пенисот е резервоар на бактерии кај необрежаните мажи, велат научниците. Тука се откриени многу разни соеви на бактерии кои ги нема на други делови од телото велат научниците. Хигиената во оваа регија мора да се одржува на високо ниво, за мажот да не биде преносител на некоја потенцијално опасна бактерија, или пак истата да не доведе до заболувања на пенисот.

www.doktori.mk, 16.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил