Пет совети како да станете оптимист

Оптимистот не е ништо повеќе од песимистот, но разликата помеѓу нив е во гледањето на животот. Оптимистите се среќни весели и не запаѓаат во депресија. Затоа, јасно е дека е подобро да си оптимист, но како? Еве пет совети од нас, кои веруваме дека ќе ви помогнат, доколку ги практикувате.

Запомнете: Mинатото не ја предвидува иднината

Toa што минатото ви било полно со проблеми, тоа што сте биле многу пати разочарани и повредени, тоа не значи дека вас ви е судено до крајот на животот да бидете такви. Запомнете, после дождот секогаш доаѓа сонце, без разлика колку време ќе трае невремето.  Иако имате причина да сте песимист, немојте тоа да го дозволувате. Погледнете на позитивната страна на нештата и запомнете дека колку и да е лошо минатото, тоа ништо не значи и ништо не предвидува за иднината.

Не обвинувајте, за вашата состојба не е виновен никој, освен самите вие

Без разлика дали ве оставил партнерот, се случила трагедија, сте паднале на испит или било што, немојте да ги обвинувате другите. Не е виновен ниту вашиот татко, ниту професорот, ниту пак државата или политичарите. За вашите неуспеси сте виновни самите вие. Доколку ова го сфатите и доколку разберете дека вие сте моќни, толку моќни што можете себе си да се контролирате, ќе започнете да размислувате оптимистички. Запомнете, шансите се согледуваат кога сте на дното, не кога сте на врвот.

Зависта и љубомората претворете ги во мотивација

Зависта и љубомората се само енергија - негативна енергија. Но, секоја енергија може да поминува од еден тип во друг. Затоа, претворете ја оваа негативна енергија во позитивна, односно наместо да трошите енергија во завист и љубомора, потрошете ја во мотивација. Нека туѓиот успех биде мотивација за вашите успеси. Запомнете, природата не ви должи ништо само затоа што некој успеал повеќе во животот од вас.

Простувајте

Немојте да бидете злопамтило. За да бидете оптимист немојте да гледате кон луѓето со вина и презир. Оставете ги проблемите на страна, објаснете му на вашиот близок дека неговата грешка не е неопростлива. Така ќе направите двете страни да се чувстуваат пријатно. Запомнете, простувањето ги затвора вратите на минатото.

Здрав живот

Здравата храна и вежбањето ќе ве прават да се чувствувате неописливо добро. Овие чувства се клучни за самодовербата и секако за оптимизмот во вас. Запомнете, во здраво тело здрав дух.

www.doktori.mk, 11.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил