Со цел организмот да се одбрани од овие причинители, користи два механизми на одбрана:
Неспецифичен имунитет
Специфичен имунитет
Неспецифичниот имунитет претставува одбрана на организмот од сите видови на микроорганизми. Оваа одбрана е наследена и претставува резултат на голем број на механички, хемиски и биолошки фактори кои што секогаш постојат кај жив организам, без разлика дали во моментот е во контакт или не со некој друг организам.
Кожа- како најголем орган во чевековото тело, како орган кој што претставува првенствено механичка бариера, но исто така и прави заштита со разни хемиски супстанции (масни киселини, пот, десквамација).
Конјуктиви- механички со солзите, како и бактерицидното дејство на лизозимите.
Слузокожата на дишните органи, устата, урогениталните органи, желудникот, цревата.
Цилиите (пример: движење на циилиите (трепки) во респираторниот систем)
Лупење (пример: лупење на кожата - дескавамација)
Исфрлање на секрети (пример: уринирање, дефецирање, потење, кивање)
Хлороводородна киселина во желуднкот
Масни киселини
Млечна киселина
Лизозими
Гастроинтестиналниот тракт
Генитоуринарен тракт
Респираторен тракт
Кожа
Полиморфонуклеарни леукоцити – неутрофили, базофили, еозинофили.
Ретикулоендотелниот систем (РЕС) клетките на црниот дроб, лимфните јазли, слезината.
Макрофаги кои што циркулираат долж лимфотокот, а потекнуваат од моноцитите и дендритичните клетки.
Температура
Количина на кислород
Протеини
Витамини
Хормони
Систем на комплемент
Интерферони и др.
Секако, во неспецифичниот имунитет голема улога имаат и полот, возраста, генетските особини, како и климатските фактори, начинот на исхрана, начинот на живот и религиските навики.
Специфичниот имунитет е имунитет кој што организмот го создава во текот на животот, не е генетски детерминиран и се развива во моментот на средба меѓу микроорганизмот и човечкиот организам. Дава високо специфичен одговор, како и најважното - создава меморија.
Клетките на специфичниот имунитет се лимфоцитите, односно Т – лимфоцитите кои што се важни за клеточниот имунитет и Б-лимфоцитите кои што се важни за хумoралниот иминитет.
Овие два механизми длуваат „ испреплетено “ во зависност за каков микроооранизам се работи, односно каков е неговиот начин на влегување во организмот. Како и да е, најважното за овие два имунитети (клеточен и хуморален) е тоа што создаваат меморија, односно ги меморираат претходните антигени со кои биле во контакт и даваат уште поголема одбрана на организмот, а со тоа спречуваат и заболување.
Клетки на овој имунитет се Т-лимфоцитите меѓу кои спаѓаат:
Т Helper cells односно Т – клетки помошнички, или пак CD 4 клетки кои што ги препознаваат комплексите врзани за МHC молекулата од класата 2.
Т killer cells, односно Т – клетки убијци, или пак CD 8 клетки кои што ги препознаваат комплексите врзани за MHC молекулата од класата 1.
Клетки на овој имунитет се Б лимфоцитите. При овој имун одговор ја има антиген – антитело реакцијата каде што Б – лимфоцитите се преобразуваат во плазма клетки кои што лачат антитела и на тој начин вршат одбрана на организмот од микроорганизмите.
Постојат пет класи на антитела, кои што уште ги нарекуваме и имуноглобулини:
Ig M (првиот имуноглобулин кој што се создава во тек на еден имун одговор, многу ефикасен во преципитацијата и аглутинацијата).
Ig A (имуноглобулин кој што го има во секретите и во слузокожата)
Ig G (се создава при секундарен имун одговор, а е многу важен и при пасивен имунитет затоа што е првиот кој што се пренесува плацентарно преку мајката на доенчето и влијае во неговиот имунитет некаде до една година против рубеола, тетанус, морбили)
Ig D (има рецепторска функција, го има во лимфоцитите)
Ig E (се создава по пат на стимулација од алергени или паразити).
дознајте повеќе за авторот >>>
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-
Контактирајте го нашиот тим