Доктори.мк | Градникот на жените им носи поголема штета од корист | gradnikot-na-zenite-im-nosi-pogolema-steta-od-korist | Портал за медицина и здравје

Градникот на жените им носи поголема штета од корист

Уште од пубертетот, мајките ги советуваат девојчињата за носење на градник. На градникот му се препишуваат особини како што се намалување на болките во грбот, превенција од опуштање на дојката и слично, но научниците денес се категорични: Ништо од ова всушност не е точно.

„Градниците кај жената носат поголема штета од корист“, категорични се француските научници. Тие додаваат дека најдобро е всушност жените воопшто и да не носат градник, или да го избегнуваат кога не е неопходен. Научниците направиле 15 годишно истражување и дошле до заклучок дека градниците можеби моментно ги подигаат градите и ги подржуваат, но на долгорочен рок имаат тотално спротивен ефект. А, кога сме кај болките во грбот, градникот нема никакво влијание - велат научниците.

Денес речиси сите научници и лекари ширум светот се согласуваат: градникот не е здрав за жената. Жените освен што нема да спречат опуштање на градите, напротив истото ќе го предизвикаат. А, исто така, има истражувања кои се обидуваат да го поврзат носењето на градниците со туморозните промени на дојката, но сега за сега потврдени информации околу поврзаноста на градникот со ракот на дојка нема.

 

www.doktori.mk, 10.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина