Aнтиканцероген потенцијал на селенот

доктор на медицина

Има неколку видови на рак на кожата, според National Institutes of Health (NIH), а базоцелуларниот и сквамозниот (планоцелуларен) се најчести, иако меланомот е најопасниот.

Се предвидува дека повеќе од еден милион нови случаи на немеланомски карциноми на кожата ќе бидат дијагностицирани оваа година во САД. Всушност, бројот на немеланомски кожни канцери е во постојан пораст секоја година, додека бројот на нови случаи на меланом останува речиси ист од деведесетите години. Денес научниците открија дека селенот може да има улога во заштитата на кожата од развојот на базоцелуларниот и сквамоцелуларниот карцином. Ова особено е интересно летно време кога се спремаме за сончање.

Повисоко ниво на селен во крвта може да ја намали инциденцата на кожниот канцер за околу 60%, според една осумгодишна студија.Како што наведуваат во Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention, истражувачите велат дека селенот е асоциран со намален ризик од базоцелуларниот и сквамозелуларниот карцином. Највисоките просечни нивоа на селен помеѓу 1.3 и 2.8 микромола на литар биле асоцирани со 57% намалување на инциденцата на базоцелуларниот карцином и 64% намалување на инциденцата на сквамоцелуларниот карцином, споредено со пониските просечни нивоа на селен помеѓу 0.4 и 1.0 микромол на литар.

“Релативно високите серумски концентрации на селен се асоцирани со просечно 60% намалување на последователната инциденца на двата базоцелуларен и сквамоцелуларен карцином”, велат истражувачите.Селенот е минерал во трагови кој се појавува нормално во почвата и е апсорбиран од страна на растенијата, од каде што влегува во хуманиот ланец на исхрана-директно или преку конзумирање на месо од копнените животни. Селенот е вклучен во околу 50 до 100 различни протеини во телото, со најразлична улога, од изградба на срцевиот мускул до здрава семена течност. Како и да е, превенцијата од канцер останува една од главните придобивки, и е единствен минерал кој е одобрен од FDA за намалување на инциденцата од канцер. 

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 10.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина