Шест причини зошто ладниот туш е добар за вашето здравје

Ладната вода е лек за вашето тело. Ова било познато уште во старите антички времиња каде ладната вода се користела како терапија за разни болести. Ние денес ви нудиме шест причини зошто понекогаш е добро да се истуширате со ладна вода.

Ладен туш за слабеење

Да, добро прочитавте. Ладниот туш е многу ефикасен за губење на вишокот килограми. Одземањето на топлината на организмот го тера истиот да ја враќа така што троши калории. Честото туширање со ладна вода ќе ви помогне да потрошите повеќе калории. Сепак, мораме да напоменеме - немојте да користите ладен туш веднаш по напорното вежбање или по враќање од надвор каде што температурата била многу висока. Наглото менување на температурата на телото кога истото било изложено на многу високи температури или интензивни вежбања може да доведе до животно загрозувачки ризици.

Циркулација

Додека се туширате со млака вода, направете мала промена и исклучете ја топлата. Промената на температурата на водата ќе влијае позитивно врз циркулацијата. На овој начин ќе го намалите ризикот од многу заболувања на крвоносниот систем.

Имунитет

Ладниот туш го забрзува лачењето на бели крвни клетки во крвта и го подобрува имунитетот. Спротивно на мислењата на вашите баби, не, нема да настинете ако се туширате со ладна вода.

Депресија

Ладниот туш го забрзува создавањето на хормоните во мозокот кои влијаат на ублажување на депресијата и го поттикнуваат позитивното расположение. Иако после туширање со ладна вода излегувате од бањата со тресење, речиси секогаш сте добро расположени.

Кожа

За здрава и витална кожа, но и за сјајна коса, туширајте се со ладна вода. Таа има моќ за ревитализација секаде каде што ќе помина. Кожата и косата ќе ви бидат благодарни.

Дишење

Ладниот туш го забрзува и го поттикнува длабокото вдишување. Ова допринесува работата на срцето да се подобри и да дојде до правилна оксигенација на телото. Длабокото дишење помага на телото да се снабди со доволно кислород и полесно да ги отфрли непотребните материи.

Ова не е кампања против топлата вода. Ова се совети кои можат значително да ви го подобрат здравјето. Никако ова не значи дека топлата вода треба да ја исфрлите од употреба при туширање. Туширајте се со топла вода тогаш кога ќе сакате убаво да го исчистите вашето тело. Но, кога сакате само да се истуширате, тогаш ладната вода е повеќе од добро решение. Ладниот туш е решение за секојдневните кратки туширања. Ако не можете тоа да го направите во целост, тогаш правете комбинација топол-ладен туш во текот на туширањето.

 

 

www.doktori.mk, 16.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил