Манго - неколку факти зошто редовно да го консумирате

„Мангото можеби не е намирница од вашето секојдневие, но е намирница, која дефинитивно треба да стане дел од вашето секојдневие барем во летото“, тврдат нутриционистите.  Како мангото може да допринесе во заштита на вашето здравје?

Манго против дијабетес

„Мангото го држи нивото на шеќер под контрола“, велат Американските научници, кои неодамна објавиле истражување во кое со докази го поткрепуваат ова тврдење. Научниците велат дека ова е голем чекор плус и дека од мангото ќе можат да се прават многу препарати кои ќе бидат од голема корист за дијабетичарите.

Манго против рак

„Мангото е овошје кое штити од рак, особено од рак на дебелото црево и на дојката“, велат научниците.  Научниците од еден медицински универзитет во Тексас,  направиле истражување за влијанието на повеќе сорти на манго врз ракот на дебелото црево и дојката и дошле до заклучок дека мангото содржи многу супстанци кои го јакнат имунитетот и штитат од појава на малигни неоплазми.

Манго против вишок килограми

Мангото е вистинско овошје за детоксикација на вашето тело, содржи состојки кои ги елиминираат и исфрлуваат штетните материи. Но, исто така, има важна улога во намалување на апетитот, што го прави вистински сојузник во борбата со вишокот килограми.

Мангото е овошје кое е вистински извор на витамини, минерали, антиоксиданси и се она што е потребно за да се одржи здравјето на високо ниво. Можеби до сега не сте го користеле активно, но како и да е, би ви препорачале сериозно да размислите во врска со неговото вклучување во вашето секојдневно мени.

 

 

www.doktori.mk, 08.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана