Доктори.мк | Како настанува рак на тестис? - ВИДЕО анимација | Kako-nastanuva-rak-na-testis-video | Портал за медицина и здравје

Како настанува рак на тестис? - ВИДЕО анимација

Тестисите се парни машки полови органи кои ја овозможуваат половата способност на една машка единка. Тестисите создаваат машки полови клетки - сперматозоиди, кои по нивното созревање се спремни да ја оплодат женската полова клетка - јајце клетката.

Ракот на тестис воопшто не е ретка појава. Се јавува се почесто меѓу машката популација. За навремено да се дијагностицира овој тип на карцином пресуден е самопрегледот. Секој маж треба да прави редовен самопреглед на тестисите, исто како што секоја жена треба да прави самопреглед на дојките. Тестисите, за разлика од дојките, се полесно пристапни на палпација, па лесно можат да се приметат одредени промени.

За било какви чудни промени, кои сте ги забележале во скроталното ќесе, потребно е да се консултирате со лекар. Тоа не мора да значи дека имате рак, но може да бидат и многу други заболувања. Денес ви претставуваме видео анимација во која ќе сфатите како настанува карциномот на тестисот.

 

Прочитајте повеќе за ракот на тестис >>>>>

www.doktori.mk, 05.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина