Четири факти зошто спермата е добра за здравјето на жените

За придобивките од редовниот секс често сме пишувале, но пишувањето за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената е тема која често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања докажале дека машката семена течност е исклучително здрава за жените.

Голтањето на семената течност не одговара на сечие мислење. Некои жени тоа го практикуваат, додека други се згрозуваат од самата помисла. Трети, пак, се во дилема дали голтањето на семената течност ќе повлече позитивни или негативни реакции на организмот? Денес претставуваме неколку факти токму за оваа категорија на жени, со што ќе докажеме дека здравата семена течност не е штетна, туку напротив е корисна за здравјето.

Штити од депресија и го подига расположението

Спермата содржи бројни хормони кои влијаат на женското расположение. Сите истражувања се речиси едногласни - спермата го подобрува расположението кај жената и штити од развој на депресија.


Ги поттикнува еротските чувства

Семената течност ги поттикнува еротските чувства на жената. Истражувањата покажале дека жените кои ја голтаат семената течност се многу подобри во креветот бидејќи семената течност ја поттикнува сексуалната желба. Според некои истражувања овие жени полесно доживуваат оргазам.

Го подобрува помнењето

Според една студија направена во Америка, семената течност не само што штити од депресија и го подобрува расположението, туку и влијае врз концентрацијата и помнењето. Семената течност, заедно со редовниот секс, влијае врз подобрување на менталните функции на жената.

Спермата го подобрува метаболизмот

Окситоцинот, како и другите хормони кои се наоѓаат во семената течност, го побудуваат чувството на задоволство, но и го регулираат крвниот притисок. Освен ова, бројни истражувања покажале дека семената течност има влијание врз одржување на нивоата на шеќер во крвта.

Сепак, научниците предупредуваат дека голтањето на семената течност е здраво и е во ред единствено доколку тоа го практикувате со вашиот долгогодишен партнер, со кој само вие имате сексуални одности. Немојте да практикувате никаков тип на незаштитен сексуален однос со партнер кој не е доволно долго со вас. Голтањето на семената течност ни од далеку не се препорачува за време на секс за една вечер или друг тип слични состаноци.

 

www.doktori.mk, 05.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина