Доктори.мк | Подгответе здрав и вкусен десерт на едноставен начин | podgotvete-zdrav-i-vkusen-desert-na-ednostaven-nacin | Портал за медицина и здравје

Подгответе здрав и вкусен десерт на едноставен начин

Десерт - многу луѓе воопшто не го практикуваат, но други го практикуваат постојано и тоа консумирајќи десерти кои се вистински калорични бомби за телото. Денес, нашата колекција рецепти ја збогатуваме со рецепт за десерт кој содржи состојки кои не се штетни за вашето тело. Пробајте! Освен што е здраво, исто така е и неверојатно вкусно.

Потребни состојки:

500 мл јогурт

3 лажици мед

1 изрендана кора од лимон

6 праски

3 лажички шеќер во прав

100 грама мелени ореви

Подготовка:

Исечете ги праските на парчиња и наредете ги во сад. Во јогуртот додадете го медот и кората од лимон, добро изматете и прелијте врз парчињата праски. Шеќерот во прав ставете го на оган се додека не добие карамелизирана боја. Пред да го тргнете од огнот, додадете ги мелените ореви, промешајте и оставете да се излади. Потоа оваа смеса прелијте ја врз садот со праските. Украсете со неколку пачиња праски или друго овошје.

 

 

www.doktori.mk, 03.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана