Доктори.мк | Кечап - дали е добар за здравјето? | kecap-dali-e-dobar-za-zdravjeto | Портал за медицина и здравје

Кечап - дали е добар за здравјето?

Кечапот е нешто што скоро секој од нас едноставно го обожува. Неверојатно добар и вкусен, речиси и не може да се замисли еден помфрит или една пица без на неа да се додаде кечап. Колку калории има кечапот? Што тој всушност содржи? Прочитајте во краткиот текст што следува.

Повеќето од вас се убедени дека кечапот има мала калорична вредност, но ако подетално се анализира, се доаѓа до спротивниот заклучок. 40 калории и не е некоја голема бројка, но тоа се однесува само на две лажички кечап. Реално гледано, кој од нас става само две лажички кечап на храната?


 Во врска со тоа што содржи кечапот, можеме да кажеме дека составот му е доста променлив во зависност од рецептот. Генерално содржи домати, оцет, шеќер, но може да содржи и лук, пипер и сл. Состојките кои се наоѓаат во кечапот не можат да се стават во групата на штетни состојки. Кечапот не содржи масти или холестерол, единствено на што треба да се внимава е натриумот. Бидејќи често сме склони да внесуваме голема количина на кечап, многу е веројатно дека ќе ја изгубиме контролата на внесување на натриум. Кога сме кај нутритивните вредности за кечапот нема што многу да се каже, освен големо количество на натриум, и шеќери, не содржи ништо друго значајно.

При купување на кечап, бирајте бренд. Немојте да купувате секакви марки со високо ниво на натриум или конзерванси. Најважно е кечапот да има органско потекло, а најдобро е да си го приготвите дома.

 

www.doktori.mk, 02.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана