Што се може да ви помогне да се ослободите од секојдневните главоболки?

Дали сте зависни од аналгетици? Тие секојдневно се во вашата торба, во вашето биро, или во вашата кола? Секојдневно страдате од главоболка, постојана, а понекогаш и инвазивна? И дали има начин да ја ублажите оваа состојба?

Отворете прозорец

Парфеми, чад и други токсични испарувања од секојдневните предмети, во зависност од работата, предизвикуваат главоболка кај секоја четврта личност. Отворениот прозорец е решение за многу главоболки. Потрудете се да го оставите прозорецот доволно долго отворен да го почувствувате свежиот воздух во просторијата. Веќе за неколку дена ќе забележите подобрувања...

Немојте да спиете долго

Последните истражувања покажуваат дека лицата кои спијат долго често имаат проблеми со главоболки. Наместете го вашиот аларм секое утро во точно време, без разлика дали денот е работен или неработен. За неколку недели ќе забележите подобрувања.


Вегетаријанска храна

Масната храна ги зголемува и интензивира главоболките. Доколку често патите од главоболки, пробајте со вегетаријанство. Отфрлете ги масните оброци и проверете дали ќе забележите подобрувања. 

Алкохол

Алкохолот е голем влошувач на главоболката. Не е штетно да се пие по една чаша алкохол дневно, но доколку патите од хронична главоболка, на тоа не треба ни да помислувате.


Очила за сонце

Сончевата светлина е интензивен предизвикувач на главоболката. Кога излегувате надвор, секогаш користете очила за сонце со UV фактор. На тој начин ќе превенирате главоболка и ќе ги заштитите очите.


Кога на лекар?

Ако ништо од ова нема резултати, а болката е интензивна, пулсирачка и трае повеќе од 4 часа без подобрувања, тогаш е време да се обратите на лекар и да се направат сите потребни анализи за да се утврди потеклото на главоболката.

 

www.doktori.mk, 01.06.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил