Доктори.мк | Како да се навикнете да консумирате зеленчук? | kako-da-se-naviknete-da-konsuirate-zelencuk | Портал за медицина и здравје

Како да се навикнете да консумирате зеленчук?

Зеленчукот е многу важен за здравјето на нашето тело. Ова сигурно до сега многу пати сте го слушнале, но како да се навикнете редовно да го консумирате? Оваа навика се стекнува многу тешко, особено ако сте полни со активности во текот на целиот ден. Ние денес ви даваме неколку совети кои можеби ќе ви бидат од корист.

Наместо грицки - краставица

Секој од нас во текот на денот зема некакви грицки кои најчесто ги консумира паралелно со работата. Наместо грицките започнете да консумирате крцкави зеленчукови плодови како што е краставицата или морковот, на пример. Свежа краставица исечена на неколку парчиња е одлична занимација и замена за грицки, само што наместо стотици калории ќе внесувате вистинско освежување и здравје во организмот.

Ставајте го во сендвич

Бидејќи сте оптеретени со работните обврски често немате време да направите салата која ќе ја консумирате заедно со појадокот. Но, зошто зеленчукот да не го ставите во сендвичот? Се што ќе ви се најде при рака од зеленчук кој може да се искористи исецкајте го и ставете го во сендвичот, колку повеќе толку подобро. Знаеме дека сендвичите спаѓаат во категоријата брза храна и не се многу корисни за здравјето, но кога би го наполниле со свеж зеленчук без разлика на останатите состојки тој веќе ќе добие други карактеристики.

Вегетаријански ден

Не, не ве советуваме да станете вегетаријанци, но одредете еден ден во неделата во кој редовно ќе бидете вегетаријанец. Само еден ден. Ќе ви биде интересно, а на вашето тело ќе му помогнете навистина многу. Тој ден јадете салати, овошја, зеленчуци, готвена храна, но строго од растително потекло. Ќе се чувствувате одлично, па можеби подоцна ќе посаката тоа да го правите два пати во неделата :)

Во чашата нека има малку зелено

Свежо цедениот овошен сок е убаво да го практикувате барем еднаш дневно или во два дена. Наредниот пат кога ќе посакате да исцедите овошен сок, ставете и два листа од спанаќ во соковникот или пак едно парче брокула, или што да било друго зелено. Вкусот нема ни да се почувствува, а организмот ќе ви биде бескрајно благодарен.


 

 

www.doktori.mk, 15.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана