Што најмногу ги плаши мажите за време на сексуалниот однос?

Мажите се секогаш тие кои постојано се спремни за секс, секогаш иницираат и се борат да го добијат. Но, ниту на мажите, ниту на жените, не им е лесно пред да дојде до сексуалниот чин. Прочитајте кои се, реално, најголемите машки стравови за време на сексот.

Отсуство на ерекција

Ова е убедливо најголемиот  страв за секој маж. Иако ова се препишува на помладите поради тремата и несигурноста, отсуството на ерекција може да се случи на секој маж без разлика на годините. Сепак, главниот совет кој научниците го даваат е следиот: Никогаш не размислувајте дека е можно  да не добиете ерекција, зошто ако размислувате така, сигурно и ќе доживеете. 90% од случаевите имаат психогена природа, само 10% од случаевите имаат органско потекло. 

Времето на траење

Предвремена ејакулација е проблем со кој се соочува скоро секој втор маж. Како и кај отсуството на ерекција и овде главната причина е психогена. Ова најчесто се случува на младите и помалку искусни мажи. Сепак проблемот е во фактот што мажите скоро секогаш се прашуваат дали беше доволно? Што ако беше прекратко? Дури и оние најискусните го имаат овој проблем. Овде голема улога играат порно филмовите, тие го тераат човекот да сфаќа дека еден сексуален однос, за да биде добар, треба да трае многу долго време. Морате да сфатите дека порно филмовите немаат никаква врска со реалноста.


Бременост

Несаканата бременост е нешто што претставува вистински стрес за мажите. Тие секогаш се прашуваат дали можеби направиле некоја невнимателна грешка. Особено под стрес се мажите кои практикуваат незаштитен однос. Според истражувањата мажите дури повеќе се грижат за несаканата бременост од жената, бидејќи повеќе се плашат дека нивниот дотогашен живот може да биде уништен. Многу често се случува мажи да се јавуваат и да ги прашуваат своите партнерки дали добиле редовен месечен циклус. Решението за ова е квалитетен разговор со партнерот и договор, како најсигурно да се заштитите од овој проблем.

Должина на пенисот

Дури и мажите кои имаат натпросечно долг полов орган, се плашат од фактот дали е доволно голем да ја задовoли партнерката. Сите мажи се плашат дека жената ќе го окарактеризира нивниот полов орган како мал, или како нешто со кое не можела да достигне врв.  Мажите се плашат од првиот впечаток бидејќи сметаат дека жените би можеле да останат разочарани. Научниците советуваат: не е толку важно колкав е, важно е како ќе го користите.

Коментари

Можеби врв на стравовите на еден маж е како жената ќе го оцени односот. Ако се работи за постојана партнерка, тогаш стравот не е толку голем. Но, ако се работи за секс за една вечер, е тогаш стравот кулминира. Дали е задоволна? Дали можеби е разочарана? Дали направив голема грешка некаде и како ќе го коментира овој секс со нејзините најблиски другарки. Мажите се плашат од подоцнежните коментари на жените во врска со нивниот однос. Најдобро е да не се заморувате многу, а во врска со фактот дали и било добро или не ќе видите кога ќе пробате да закажете нова средба.

 

www.doktori.mk, 30.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил