Вистината за пијалоците кои секојдневно ги употребуваме

Секојдневно користиме разни пијалоци, газирани или негазирани, коктели, чаеви и многу други кои ги купуваме од супермаркетот. Прочитајте ја следната статија и заклучете колку всушност се здрави пијалоците кои се дел од нашето секојдневие.

Овошни сокови

Често купуваме овошни сокови кои се спакувани во хартиена или пластична амбалажа. Често сметаме дека правиме одличен избор, наспроти газираните пијалаци. Да, наспроти газираните пијалаци правите добар избор, но воопшто не се надевајте дека консумирате здрав пијалок. 100% е знак кој се наоѓа на скоро секоја амбалажа од овошен сок, но прочитајте дали пишува 100% овошје или пак 100% природно, што е добар трик за привлекување на купувачи. Ако добро прочитате во некои овошни сокови воопшто нема овошје, додека во други има околу 5-10%. Сте се запрашале ли што е останатото? Овие сокови се полни со шеќери и не се вбројуваат баш во корисни пијалоци, без разлика што се работи за овошен сок. Затоа не заборавајте дека овошниот сок кој ќе истече од вашиот соковник е нешто скапоцено и нешто незаменливо.

Енергетски напитоци

Енергетските напитоци денес навистина се "во мода". Но, нивната содржина воопшто не е наивна. Тие содржат огромни количини на кофеин, шеќери и многу други супстанци кои можат да наштетат, не само на долгорочен, туку и на краткорочен план. Енергетски напиток користете само тогаш кога навистина имате потреба од тоа, и тоа само по еден. Немојте да претерувате бидејќи во најмала рака можете да завршите  во болница.

Напитоци за спортисти

Овие напитоци можете да ги користите, но во мали количини. Некои од нив навистина се корисни и здрави, но некои имаат неверојатно големи количини на шеќери и адитиви, што воопшто не се од корист за вашето здравје. Секогаш читајте ја етикетата.

Коктели

Коктелите се напитоци кои често се користат во летниот период. Дали се здрави или не, зависи од тоа што се наоѓа во коктелот. Домашните овошни коктели никако не можат да бидат штетни, но оние кои ќе ги купите на плажа пред се можат да бидат богати со многу шеќер, па и алкохол, што не ги става во групата на здрави напитоци. Внимавајте со коктелите. Лето е и треба да се освежите, но никому не би му одговарало освежување со 1000 калории.

За секој напиток може да се каже по нешто. Генерално, сите напитоци се здрави доколку се подготвени од природни состојки. Искрено ве советуваме пред да купите било каков пијалак, прочитајте ја неговата етикета.

www.doktori.mk, 28.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина