Неколку вистини поврзани со користење на лабелото

Лабелото несомнено е дел од козметиката на секоја жена, но и на повеќето мажи. Лабелото сепак е корисна навика, но има неколку работи кои треба да ги знаете, а се поврзани со него.

Лабелото не ги влажни усните

Иако сите жени го користат како хидрататор за усните, тоа нема способност да ги влажни истите. Неговите состојки прават водоотпорна бариера при ветровито време, подложност на прашина и ниски температури. Усните продуцираат влажност во зголемена количина, баш во тие моменти ние користиме лабело, па ни изгледа како да правиме рехидратација. Сепак лабелото има заштитна улога за вашите усни и неговото користење не треба да се доведува под прашање.

Лабелото може да биде добра подлога за бактерии

Едно лабело може да го користите најмногу две години. Ако пронајдете старо лабело, колку и тоа да ви изгледа убаво, не го користете. Тоа сигурно веќе е полно со многу различни бактерии, дел од нив можеби се и патогени.

Доколку малку го гризнете, нема да ви направи штета

Понекогаш ви се случува лабелото да го гризнете. Доколку ова не ви се случува често и доколку е во мала количина, немате причина за паника.

Нема да направи зависност

Лабелото не прави зависност, иако можеби така ви изгледа. Користете го лабелото редовно, а доколку забележите промени на кожата на усната - променете го. Ако нема корекции, посетете дерматолог.

Лабелото е мултифункционално

Лабелото можете да го користите буквално секаде - на ноктите, краевите од прстите и други места кои можат често да се иритираат. Секако за овие работи треба да користите различни лабела.

 

www.doktori.mk, 27.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил