Доктори.мк | Мирисот од јасмин, лек за смирување | mirisot-od-jasmin,-lek-za-smiruvanje | Портал за медицина и здравје

Мирисот од јасмин, лек за смирување

Молекулите на мирисот од јасмин по влегувањето во организмот преку белите дробови има ефект на смирување исто како некои лекови, велат научниците.

Молекулите на мирисот од јасмин имаат сличен состав и ефект како и многу лекови за смирување. Мирисот од јасмин го смирува организмот, го подобрува расположението и ни помага полесно да заспиеме, велат резултатите од последната студија направена во Германија.

Научниците направиле испитувања со повеќе мириси. Тестирањето било направено на глувчиња и на луѓе. Целта било да се дознае кој мирис каков ефект има врз невротрансмитерите во организмот. Во врска со јасминот научниците дошле до едногласен заклучок, неговиот ефект врз организмот е сличен на ефектот од лекот валијум.

Благодетот на јасминот ги откриле уште Античките Грци. Од јасминот се прават етерични масла кои се одлични за масажи, бидејќи имаат неверојатно смирувачко дејство. Јасминот се користи и во козметичката индустрија, бидејќи има одлични благодети врз кожата. Мирисот од јасмин ги заслужува сите пофалби, велат експертите, бидејќи сите истражувања потврдиле дека мирисот од јасмин е лек против депресија, стрес и сите типови на вознемиреност на телото и духот.

Јасминот во сите негови форми е благодет за организмот. Лесно е достапен и има многу што да ви понуди, па затоа немојте да го заборавате, особено не во деновите на стрес.

 

www.doktori.mk, 26.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - фармација