Доктори.мк | Медитеранска храна - извор на здравje за целото тело | mediteranska-hrana---izvor-na-zdravje-za-celoto-telo | Портал за медицина и здравје

Медитеранска храна - извор на здравje за целото тело

Медитеранската храна е здрава за срцето, крвните садови, но и за мозокот. Научниците потврдуваат, медитеранската храна е извор на здравје за целото тело. 

Последното истражување доаѓа од Шпанија. Шпанските научници вклучиле повеќе од илјада испитаници кои биле следени околу шест и пол години. На крајот ги направиле сите видови испитувања на срцето, крвните садови, мозокот и другите органи, на испитаниците. Групата испитаници кои консумирале медитеранска храна покажала подобри резултати во сите направени испитувања за разлика од контролната група која не консумирале медитеранска храна. Резултатите од истражувањето биле објавени во престижното светско медицинско списание journal of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry.

Медитеранската храна има поволно влијание врз срцето и крвните садови, влијае во намалување и спречување на воспалителните процеси во крвните садови и другите органи, а ја подобрува и функцијата на мозокот - вели Мигуел Мартинез - Гонзалез, шеф на оделот за превентивна медицина при Универзитетот Навара во Шпанија.

Во медитеранската исхрана речиси нема  храна која е богата со лоши масти, а многу се застапени житариците, оревестите плодови, како и овошјето, зеленчукот, рибата, црното вино и др. Ако подетално ја анализираме медитеранската храна ќе сфатиме дека таа содржи се што му е потребно на нашето тело да функционира правилно. Содржи многу витамини, протеини, а и голем дел на антиоксиданси. Затоа слободно можеме да кажеме дека медитеранската храна има моќ да влијае и врз подобрување на имунитетот, па и за подобрување на дигестијата на храната.

Медитеранската храна е вистинско богатство за вашиот организам, таа нуди, здравје, благосостојба и долговечност!

 

www.doktori.mk, 16.07.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана