Неколку намирници кои го подобруваат видот и ги штитат очите

Проблемите со видот се чест проблем во денешницата. Очите во современото живеење и современите работни обврски имаат за задача цел ден напорно да работат, па затоа и проблемите со видот и здравјето на очите се се почести. Денеска ви претставуваме неколку намирници кои ќе ги штитат вашите очи и ќе го намалат ризикот од појава на најчестите болести на овие органи.

Портокал

Портокалот е волшебна намирница кога е во прашање здравјето на очите. Свежо исцедениот сок од портокал е најидеалното решение за зачувување на здравјето на истите. Според последните истражувања 500 мл свежо исцеден сок од портокал, секој ден, ќе доведе до двојно намалување на ризикот од појава на катаракта. Витаминот Ц, и другите намирници во портокалот го стабилизираат очниот притисок и го намалуваат ризикот од сенилна макуларна дегенерација. Ако пак сенилната макуларна дегенерација постои, тогаш редовното консумирање на портокалот или неговиот сок го намалуваат нејзиниот развиток.

Морскa храна

Морската храна  содржи многу корисни состојки, како за очите така и за целото тело. Добар дел од оваа храна содржи голема количина на цинк, кој заедно со витаминот А,  го произведуваат меланинот, кој има за задача да ги штити очите. Освен во морската храна, цинк има и во гравот, боранијата, грашокот, оревите, бадемите и сл.

Кељ

Лутеин и заексантин се елементи кои можат да се најдат во кељот, а можат исто така да се најдат и во окото. Со редовно консумирање на овој зеленчук вие имате многу помали шанси да развиете сенилна макуларна дегенерација, а освен тоа антиоксидантите од кељот не само што ќе ги заштитат очите туку ќе го заштитат и целиот ваш организам.

Кикирики

Кикириките се богати со витамин Е и омега 3. Овие елементи се докажани борци против сенилната макуларна дегенерација, катаракта, но и против скоро сите болести кои ги напаѓаат очите. Редовното консумирање на кикирики двојно го намалува ризикот од овие заболувања.


 

www.doktori.mk, 22.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина