Доктори.мк | Започнете го утрото со здрав доручек - рецепт со зеленчук и јајца | zapocnete-go-utroto-so-zdrav-dorucek---recept-so-zelencuk-i-jajca | Портал за медицина и здравје

Започнете го утрото со здрав доручек - рецепт со зеленчук и јајца

Доручекот е најважниот оброк во текот на денот. Ова е факт со кој сигурно веќе сте запознаени. Веруваме дека често ви се случува да се запрашате што вкусно да зготвам денес за доручек? Ние ја разгледавме малку традиционалната македонска кујна и дојдовме до идеа да ви презентираме еден едноставен, но здрав рецепт кој е идеален за доручек.

Потребни состојки

  • 2 јајца

  • една главичка лук

  • 3-4 пиперки

  • 4 cherry домати

  • една зелена тиквичка

  • 1-2 лути пиперчиња

  • едно парче фета сирење

  • сол

  • црн пипер

  • маслиново масло

Приготвување

Исецкајте го зеленчукот на ситни парчиња. Потоа ставете го во маслиново масло и испржете го кратко со додавање на малку сол и црн пипер. Потоа изматете ги двете јајца. Откако ќе ги изматите зеленчукот повлечете го во половина од тавата а во другата половина додадете ги матените јајца. Испржете ги како кајгана. Додека уште јајцата и зеленчукот се топли, полијте ги со фета сирење, а можете и со млечен намаз. 

Наш предлог е за време на овој доручек да консумирате и јогурт или цеден сок од портокал.

Пријатен апетит!

 

 

www.doktori.mk, 20.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана