Лутата храна - остар сојузник на нашето здравје

Лутото пиперче е редовен гостин на балканските трпези. Лутото од секогаш трпело разни пофалби и критики, од тоа дека е целосно штетно до тоа дека е целосно корисно. Ние нема во потполност да се согласиме со ниту едно од овие две тврдења, но ќе се обидеме да ви презентираме како лутото може да биде остар сојузник на нашето здравје.

Сите луѓе кои уживаат во лутата храна  си прават голема услуга, вака барем велат повеќето од најново направените истражувања. Научниците велат дека лутото е вистински заштитник на срцето и крвните садови, тоа е голем противник на покачениот холестерол во крвта, а исто така позитивно влијае и на покачениот крвен притисок.

Состојката капсаицин која ја содржи лутата храна е докажан борец против покачениот холестерол, вака велат група кинески научници кои експериментот го спровеле на две групи експериментални глувци. Двете групи јаделе храна со голема количина на холестерол, но едната група примала капсаицин, додека другата не. Експериментот категорично покажал дека капсаицинот  (лутото) дефинитивно влијае во намалување на лошиот холестерол во крвта.

Лутото носи меч со две острици

Лутото всушност е борец, но борец кој носи меч со две острици, затоа со лутото бидете внимателни. Лутото се препорачува во секоја храна, тоа е апсолутно здраво, велат научниците, но морате да имате мерка, бидејќи доколку се внесува во голема количина може да му наштети на здравјето, особено на бубрезите, желудникот и дигестивниот тракт. Немојте да јадете луто доколку имате проблеми со желудникот.

Лутото е зачин кој се користи за апетит, а воедно и влијае во зачувувањето на вашето здравје. Користете го редовно и уживајте во неговиот вкус, но не претерувајте. Запомнете, лутото е само зачин.

 

www.doktori.mk, 22.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана