Доктори.мк | Овошен јогурт - Пригответе сами совршено овошно освежување | Ovosen-jogurt---prigotvete-sami-sovrseno-ovosno-osvezuvanje | Портал за медицина и здравје

Овошен јогурт - Пригответе сами совршено овошно освежување

Продолжуваме со рубриката најздравите рецепти на едно место. Денес ви претставуваме рецепт за овошен јогурт, приготвен на природен начин, кој има моќ да ве освежи и да ви понуди енергија за целиот ден. Овошните јогурти се едни од најздравите намирници кои се препорачуваат за топлите летни денови, а ние денес ви откриваме како сами дома да приготвите вкусен овошен јогурт и тоа на многу едноставен начин без да одземе многу од вашето време.

Потребни состојки

  • 500 грама овошје по избор (можете комбинација од јагода, цреша, малина, јаболко, киви и сл.)

  • 500 мл. млеко

  • една кесичка пудинг (по ваш избор)

  • 6-7 лажички шеќер

  • 1 л. јогурт

Подготовка

Измиксајте го овошјето, но не го ситнете премногу, онолку колку да дојде во помали парчиња. Потоа пригответе го пудингот во млекото, при што ќе  додадете 6-7 лажички шеќер (по избор). Пудингот додадете го во овошјето и измешајте. Потоа додадете го и јогуртот и добро измешајте ја смесата додека да се соедини. Откако ќе ја приготвите ставете ја во ладилник да се олади. Оладената смеса сервирајте ја во чаши.

Откако ќе го приготвите овој едноставен рецепт ќе се изненадите колку добар вкус сте добиле. Практикувајте го овој рецепт секогаш кога ќе можете, тој не е високо калоричен, а истовремено е многу здрав за организмот, нуди свежина здравје и уживање во топлите летни денови.

Прочитајте повеќе од рубриката >>> Најздравите рецепти на едно место

2013-05-19

www.doktori.mk, 16.07.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана