Пет основни производи за младешка кожа

доктор на медицина

Се разбира, природната убавина започнува одвнатре, со изобилство на спиење, вода и правилна исхрана. Но, за среќа, додавајќи поедноставена рутина за разубавување во која се вклучени природни производи, без иритирачки синтетски хемикалии, ќе резултира со вистински убава кожа.

Природната убавина започнува одвнатре

Според Ен Мари Фајн, натуропатски лекар, истражувач кој има освоено повеќе награди, автор и популарен говорник низ целите САД, просечната жена троши стотици долари во потрага по чудотворни производи за нега на кожата кои ќе ја подобрат убавината која вродено ја поседува. Се разбира, природната убавина започнува одвнатре, со изобилство на спиење, вода и правилна исхрана. Но, за среќа, додавајќи поедноставена рутина за разубавување во која се вклучени природни производи, без иритирачки синтетски хемикалии, ќе резултира со вистински убава кожа. Да ги погледнеме овие суштински производи и зошто тие функционираат. 

Чистење

Важно е да го чистите вашето лице двапати дневно, еднаш наутро и еднаш во текот на ноќта пред спиење. Вашата кожа е екскреторен орган и со чистењето вие не само што ја отстранувате нечистотијата, бактериите и вишокот на масти, туку исто така, ги отстранувате клеточните отрови, кои вашата кожа ги елиминира. Ова ја подобрува способноста на кожата да ги апсорбира другите производи кои ги користите. 


 

  • Ако имате сува кожа: побарајте крем или масло за чистење кое функционира без понатамошно отстранување на природната маснотија од вашата кожа.

  •  Ако имате мрсна кожа: барајте гел или пена за чистење која помага да се впие вишокот на маснотија. 

 Серуми 

Ја вршат главната работа за вашата рутина за разубавување! Серумите се високо концентрирани, нискомолекуларни и брзо-апсорбирачки формулации кои содржат одредени активни материи како CoQ10, витамин Ц и Е, зелен чај, DMAE (dimethylethanolamine) и алфа липоична киселина. Преку таргетирање на вашите посебни области на интерес со соодветен серум, му помагате на сопствениот самоисцелителен процес на вашето тело да се врати во рамнотежа. 


 

  • Изберете измазнувачки серум за намалување на борите, ако сте во потрага по против стареечки ефект.

  •  Изберете серум за осветлување на кожата доколку, темните дамки на кожата (хиперпигментација) се вашата грижа. 

Дневен хидратантен крем

Применете го откако ќе го исчистите вашето лице наутро и врз вашиот серум. Ова ќе го запечати вашиот серум и заштити вашата кожа од елементите. Обидете се да најдете хидратантен крем, кој содржи заштита од сонце за подобрување на вашата рутина за разубавување! 


Вечерен хидратантен крем 

Се применува откако ќе ја исчистите вашата кожа навечер и врз било кој серум што сте го примениле. Овој moisturizer треба да биде без УВ заштита и може да биде повисокомолекуларен (погуст) и со повеќе подмладувачка формулација. Вашата кожа самата се репарира навечер. Со одбирање на вистинскиот moisturizer липидната бариера на кожата е поправена, што значи дека ја минимизирате загубата на вода преку вашата кожа, а со тоа се избегнува сува, иритирана кожа која покажува повеќе бори. Обично помладате кожа е помасна, и потребно е да се избегнат потешките (помасни) moisturizer-и отколку што е потребно. Премногу тешки moisturizer-и ги затвораат порите и ја прават кожата да изгледа многу сјајна со маснотија што не се абсорбирала целосно. 


Маска за третман 

Третманот со маска го фокусира вниманието на специфични целни области, типично за еднаш или два пати користење во неделата. Маските доаѓаат во различни форми и може да се направат од многу различни природни материјали. 


 

  • Користете маска направена од глина за детоксифицирaчки и анти-акни ефект, што ја остава вашата кожа чиста и блескава.

  •  Ако сте во потрага по зголемена влажност на вашата кожа, некои маски содржат хијалуронска киселина, мед или други навлажнувачки состојки за вашата кожа

  •  За енергетски поттик за уморна кожа, обидете се со ексфолијативна маска направена од овошни киселини. 

Правилната употреба на овие пет производи за природна убавина, во комбинација со здрава исхрана, многу вода и сон, претставуваат динамична комбинација, која може да ја подмлади вашата кожа и да дозволи вашата внатрешна убавина да зрачи. 

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 18.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил