Доктори.мк | Најчести заблуди поврзани со љубовта | najcesti-zabludi-povrzani-so-ljubovta | Портал за медицина и здравје

Најчести заблуди поврзани со љубовта

Љубовта е нешто за кое мечтае секој човек, таа е идеална на збор, но во пракса не е секогаш така. Понекогаш на љубовта гледаме многу амбициозно па се разочаруваме, понекогаш пак сме премногу песимисти. Kако и да е, во љубовта постојат некои заблуди во кои луѓето едноставно веруваат иако понекогаш се свесни за фактот дека се заблуди. Еве за кои заблуди станува збор ...

Со текот на времето ќе го променам 

Оваа заблуда е дефинитивно најчеста меѓу луѓето. Понекогаш сте свесни дека не сте еден за друг, но едноставно ова го премолчувате и сметате дека со текот на времето ќе можете да го промените партнерот. Факт, е дека човек може да се промени, но само ако тој го сака тоа и се потруди на тоа. Доколку вие сметате дека спонтано можете да го промените вашиот партнер тогаш сте во голема заблуда и тоа не е ништо повеќе од обично губење време.

Тој не сака успешна и интелигентна девојка

Ова е исто така една многу распространета и голема заблуда. Нема маж кој не сака успешна и интелигентна девојка, мажите се гордеат со успешноста на својата девојка. Единствено нешто што мажите не можат да го поднесат е нејзиното често работно отсуство поради тоа што се загрижени, а и малку љубоморни. Факт, е дека треба да останете успешна и амбициозна. Единствено нешто што треба да промените е да изградите силна доверба со вашиот партнер. Така тој нема да биде љубоморен, вие ќе функционирате опуштено, а згора на се тој ќе се гордее што има паметна и успешна девојка.

Пред бракот треба прво долго време да живееме заедно

До скоро ова се сметаше како факт, нормално од разбирливи причини. Сепак последните истражувања покажале дека паровите кои живеат заедно долго време пред бракот многу почесто завршуваат со развод. Затоа доколку сметате дека вашата љубов е доволно силна да заврши со брак, тогаш нема никаква потреба да пристапувате кон подолго "тест возење".

Бракот ќе го убие сексуалниот живот

Секако дека ова може да биде точно, но тоа зависи од вас. Ова сепак е заблуда ако се работи за пар која поради љубов влегува во брачните води. За да се одржи нормален сексуален живот без разлика дали сте во брак или во врска морате да бидете иновативни, да имате авантуристички и толерантен дух. Доколку го практикувате ова, потписот на парче хартија никогаш ништо нема да може да ви смени.

www.doktori.mk, 17.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил